Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Интернационален бизнис настан за деловни средби помеѓу фирми од секторот на информациони технологии

На 17-ти и 18-ти ноември, во Скопје, ќе се одржи вториот по ред интернационален настан за деловни средби помеѓу фирми од секторот на информациони технологии - “Go International – open innovation in ICT”. На дводневниот настан ќе учествуваат повеќе од 50 фирми од ИКТ секторот кои доаѓаат од 13 земји. 

Почетокот на настанот ќе биде означен со работилница на тема „Отворени иновации во ИКТ секторот“ која ќе се одржи на 17-ти ноември во 19.00 часот во просториите на YES бизнис инкубаторот. Спикер на работилницата е искусниот експерт и предавач од Универзитетот Аванс од Холандија – Том Спанјаард.

Фирмите преку одржување деловни средби ќе се обидат да формираат нови интернационални партнерства со цел освојување нови пазари. Деловните средби ќе се реализираат на 18-ти ноември на Скопски Саем (Дипломатик Сала) со почеток во 11.00 часот.

 

Настанот е во организација на Фондација за менаџмент и индустриско истражување и е поддржан од Централна Европска Иницијатива – CEI и Мрежата на бизнис можности – Enterprise Europe Network.

Објавено во разно | 17.11.2016 - 12:53
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Госпоѓице, јас можеби сум пијан, но наредното утро ќе бидам трезен, а Вие се уште ќе бидете грда. „

Винстон Черчил