Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Ви го најавуваме “InTech MeetUp #2” на 14-ти март

Со задоволство го најавуваме вториот InTech MeetUp, на 14 март, кој и овојпат ќе се одржи во МКЦ Клуб Ресторан во 18:00 часот.

Овојпат, ќе имате можност да чуете тројца говорници кои ќе зборуваат за  Artificial intelligence и Machine learning, теми кои по спроведента анкета убедливо се издвоија од останатите. 

Повеќе информации за првиот AI настан во Македонија можете да најдете тука.

На овој дво-часовен бесплатен настан, присутните ќе имаат прилика да чујат зa “Application of machine learning in geographic information system” “Find the hidden pattern in the world - Optimize strategy and predict the future” и “Using AI in small startups is possible”. (регистрирајте се тука).

Од странската сцена, овојпат имаме двајца говорници. Џишан Ван,CEO of ShadowGrid Openbiz Technology, кој има повеќе од 15 години искуство во ИТ водите. Вештачка интелегенција, виртуелна реалност се само дел од науките со кои се занимава во денешно време. На вториот InTech MeetUp, тој ќе ни зборува на тема “Find the hidden pattern in the world - Optimize strategy and predict the future”. Вториот говорник, е Ваибхав Кулкарни, кој е кандидат за докторски студии и асистент за истражување во лабораторијата за “Distributed Object Programming”  на Универзитетот Лозана, Швајцарција. Тој ќе ни се претстави со темата:  “Application of machine learning in geographic information system”.

Додека овојпат, од македонската екипа ќе го чуеме: Мартин Анчевски, ко-основач и CTO на Letz, CodeWell и MarcO, кој ќе се претстави со темата „Using AI in small startups is possible“.

Зад организацијата на овој настан стои  InPlayer иBraisnter, a неговата цел е да ги вмрежи програмерите и да нè запознае со новостите во светот на технологијата, преку гостувања на говорници од странство кои може да ги најдеме на А-листата и предавања на искусни програмери од ИТ секторот во Македонија. InTech MeetUp е отворен за соработка за следните meetup-и, за предавачи, организации и фирми кои сакаат да го поддржат настанот.

Резервирајте го своето место на http://intechmeetup.com/#prijava , (местата се ограничени) и следете го хаштагот #intech на нашатаФејсбук страница  иТвитер профил.

Објавено во разно | 20.02.2017 - 15:36
Тагови:

Лајкнете не на Facebook