Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Украинската полиција нарача 651 примерок од Mitsubishi Outlander PHEV

Наскоро, припадниците на украинските полициски сили ќе имаат на располагање дури 651 примерок од одличниот хибриден SUV на Mitsubishi – исклучително економичниот и „зелен“ Outlander PHEV.

Нарачката ја објави Министерот за Внатрешни Работи на Украина – Арсен Аваков. Тој потврди дека 651 примерик на Outlander PHEV ќе ги заменат дотрајаните VAV и UAZ полициски возила.

Значи, дами и господа, полицајци на Украина – ќе добиете 651 нов автомобил кој истовремено е уникатен, модерен, моќен и еколошки прифатлив. Луѓето на Украина се надеваат дека ќе ја оправдате оваа иновација. Служете со чест и гордост“ – изјави Аваков.

Популарниот Outlander PHEV на Mistubishi доби свој фејслифт минатата година, заедно со класичниот Outlander. Комбинацијата од 2-литарски атмосферски бензинец и два електромотори поставени на предната и задната оска нуди погон на сите четири тркала.

Според официјалните податоци троши помалку од пет литри бензин на 100 километри, а со фејслифтот е зголемена и автономијата на електрична енергија која сега изнесува 60 километри.

Преземено од CarClub.mk.

Тагови:
28.07.2016 - 16:44

Лајкнете не на Facebook