Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Европа ќе и помогне на Грција

Европските лидери постигнаа договор за решавање на кризата со грчкиот долг, по историскиот раздор во проектот за заедничка валута - eврото.

„Евро-самитот едногласно постигна договор“, изјавил Доналд Таск, претседателот на Европскиот совет. Новото решение за Грција ќе вклучува „сериозни реформи“ и „финансиска поддршка“, напиша тој на својот Твитер профил.

Договорот значи почеток на детални преговори за нов пакет за помош на Грција и ќе овозможи Европската централна банка да им даде итно финансирање на грчките банки оштетени од долгата економска криза и повлекувањето на милијарди евра во последниве неколку месеци.

Ова ќе биде трет пакет помош за Грција во последниве пет години. Строгите услови се наменети да ја балансираат побарувачката на Грција за системот за одплаќање на долгови, и покрај инсистирањето на кредиторите дека заемите во вредност од десетици милијарди евра ќе бидат залудно фрлени пари.

Со тоа се става крај на 5-месечните тешки преговори кои поттикнаа сомневања дека Грција ќе биде првата земја која ќе излезе од Евро-унијата, развој на настаните што ЕУ очајно сакаше да го избегне.

„Предностите се побројни од негативните аспекти“, изјавила канцеларката Ангела Меркел во прес-конференција, објаснувајќи ја одлуката да го прифати договорот.

„Земјата на која и помагаме покажа добра волја и подготвеност да ги спроведе реформите“, објаснила Меркел.

Се проценува дека станува збор за сума од 82-86 милијарди евра кои ќе помогнат во враќање на стабилната економија и повторно отворање на банките во Грција.

Објавено во балкан | 13.07.2015 - 12:21
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Прво мора неколку пати да умреш, за навистина да живееш. „

Чарлс Буковски