Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

ЕУ: Епл треба да плати 13 милијарди во даноци

Европската комисија и нареди на Ирска да поврати 13 милијарди евра во даноци од Епл.

Европската унија досега нема наредено на компанија да плати волкава сума - највисоката сума што досега била платена била 1,4 милијарди евра од францускиот енергетски гигант EDF во 2015-та година.

„Земјите членки не можат да даваат даночни олеснувања на избрани компании - ова е нелегално во Европската унија“, изјавила Маргарет Вестагер, европскиот комесар за конкурентност.

„Истрагата спроведена од Комисијата покажа дека Ирска овозможила нелегални даночни олеснувања на компанијата Епл, што и овозможило да плаќа значително помалку данок во однос на другите бизниси во текот на многу години“.

Компанијата изјавила дека одлуката ќе влијае врз тоа колку Епл ќе инвестира во Европа и колку луѓе од регионот ќе бидат вработени таму.

„Епл ги почитува законите и ги плаќа сите даноци каде и да функционира. Ќе ја обжалиме одлуката, и сигурни сме дека истата ќе биде поништена“, се наведува во официјалното соопштение од технолошкиот гигант.

Објавено во бизнис | 30.08.2016 - 14:31
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Коа купуваш Full HD телевизор, пушти го Гоце Арнаудов прво за да видеш дали се гледат сите 5 милиони бои на кошулата. „

@superextrabonus