Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Формирање на локални младински форуми како механизам за активно младинско учество

Во текот на месец февруари во општините Пробиштип, Чашка и Старо Нагоричане, ќе се формираат вкупно три заеднички младински форуми составени од претставници на локалните граѓански организации и претставници на општините кои работат на полето на креирање младински политики, но исто така млади лидери и претставници од бизнис заедницата. 

Младинските форуми ќе бидат формирани како дел од активностите на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската унија. Проектот го имплементираат Фондација за Претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане.

 

Главната цел на оваа активност е да се придонесе кон зголемување на учеството на младите во процесите на одлучување на локално ниво, како ко-креатори на локалните младински политики.

Ќе се формираат форуми во секоја од целните општини, со цел да се одразат локалните ставови на младите луѓе, така што предложените локални мерки директно да одговараат на потреби на младата популација од овие општини. 

 

Воспоставувањето на заеднички младински форуми е во линија со тематската област “Локална младинска работа” од Националната стратегија за млади, или поконкретно со стратегијата за формирање на посебни координативни тела за соработка со младинските здруженија на граѓани со цел дизајнирање, следење и имплементација на разни локални програми за млади.

 

Резултатите од работата на локалните форуми се очекува да влијаат врз планирањето на локална програма за млади на општините. Важна функција на форумите ќе биде следењето и проценувањето на ефективноста на спроведените локални политички мерки, како и укажување за превземање на соодветни корективни мерки.

 

Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ има за главна цел да ги вклучи младите во процесот на одлучување и поставување на механизми за долгорочен развој и имплементација на локални младински политики. Проектот цели да ја зајакне соработката помеѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики со цел дефинирање на мерки кои придонесуваат кон подобрена социоекономска положба на младите во државата.

 

Заинтересираните може да најдат повеќе информации на www.yes-network.org

Објавено во бизнис | 20.02.2017 - 15:07
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Зад секој успешен маж стои жена што превртува со очите. „

Џим Кери