Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Повик за доделување парични награди на пет најдобри бизнис планови и започнување на бизнис, преку проект на Европската унија

Објавен е јавниот повик за „Натпревар во бизнис план“, во рамки на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување”, финансиран од Европската унија.

Ќе бидат наградени вкупно 5 (пет) бизнис планови, а секој од нив ќе биде финансиран со најмногу 3000 евра во денарска противредност.

Услов за добивање на паричната награда е формирање на претпријатие, а носителите на бизнис планот воедно мора да бидат основачи и сопственици на претпријатието.

Право на учество на повикот имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години, со посебен фокус на припадници на етничките малцинства и жени.

Секој учесник на натпреварот има право да аплицира само со еден бизнис план, а со еден бизнис план може да учествува тим од најмногу 4 лица.

Јавниот повик е отворен до 05.03.2017 (недела), до 23:59 часот.

Апликантот е потребно да го пополни образецот Урнек за бизнис план достапен во објавата на јавниот повик и да го достави на info@yes.org.mk.

Сите заинтересирани кандидати може да најдат релевантни информации на веб порталот www.pretpriemac.mk или да се обратат во Фондацијата за Претприемачки сервис за млади, на info@yes.org.mk.

Проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување” цели да ги зголеми капацитетите за вработување и само-вработување на младите луѓе од етничките малцинства, да помогне во формирањето на нови бизниси, како и да креира движечка сила која ќе овозможи градење на капацитетите на младите луѓе од етничките малцинства како континуирана поддршка за професионален развој.

Проектот го имплементираат Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), ЗИП Институт, Ромската Организација на Жените „Даја“, како и Фондација Футуре 21 од Бугарија. Проектот е финансиран од Европската унија.

Објавено во бизнис | 09.02.2017 - 13:19
Тагови:

Лајкнете не на Facebook