Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

„Ѓурологија“ повторно во Скопје!

Популарниот и наградуван сараевски актер, режисер, хуморист, „надреалиста“- со еден збор, човекот институција Бранко Ѓуриќ- Ѓуро, лично ја кани македонската публика на своето стенд-ап шоу, „Ѓурологија“. 

Ѓуро доаѓа во Скопје да ја разбие целата монотонија, и тоа со две ексклузивни шоуа, на 05 и 06 јуни во Македонската Опера и Балет.

Со босански шарм и долгогодишно актерско искуство, кое посебно се истакна во култниот проект „Топ листа надреалиста“, публиката дефинитивно ќе ужива во претставата „Ѓурологија“. 

Бранко Ѓуриќ- Ѓуро секогаш е актуелен и забавен, па по повеќе од две децениската кариера се чини дека дури и не мора да направи нешто ново- тука се: „Топ листа надреалиста“, легендарните стари филмови, хитовите на „Бомбај штампа“…

Иако самиот вели дека квалитетот на хуморот не е променет, туку луѓето денес поретко се смеат, со својот нов хит „Ѓурологија“ тој го покори регионот со смеењето како значајна терапија против суровото секојдневие.

Билетите за „Ѓурологија“ се` уште се во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон, како и онлајн. 

Loading Video...
Објавено во македонија | 15.05.2017 - 12:27
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Запомни: секогаш биди свој. Освен ако не си ужас. „

Џос Ведон