Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Голем предновогодишен хуманитарен базар со Бимилк во Веро Центар

На 23 декември со почеток во 12 часот во Веро Центарот во Скопје ќе се одржи завршниот настан во рамките на големиот проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, кој во изминативе 3 месеци се реализираше во повеќе градинки низ Македонија.

Настанот е од хуманитарен карактер и таму ќе бидат изложени предметите изработени од амбалажи Битолско млеко, кои дечињата во претходниов период ги изработуваа во своите градинки, а посетителите ќе имаат можност со нивно купување да донираат за СОС Детското село Македонија.

Всушност, покрај едукација за грижа за природата и создавање здрави навики преку консумација на млеко и млечни производи, токму хуманоста беше и крајната цел на овој голем проект во кој близу 2.000 деца од 8 градови низ Македонија, заедно со нивното омилено Битолско Чупе, учеа и за солидарноста кон оние што имаат помалку и како да си помагаат едни со други.

Пресреќни сме што децата од сите градови што ги посетивме одлично ја прифатија оваа наша иницијатива и доколку успеавме барем до половината од нив да ја пренесеме нашата порака за негување на вистинските вредности – за нас мисијата е исполнета. Затоа, ги повикуваме сите што зедоа учество во овој проект, но и оние што сакаат да ги видат изработките на децата и да донираат за СОС Детското село, да нè посетат во сабота во Веро Центарот, да уживаат во празничната програма што ја подготвивме и заедно да ја покажеме хуманоста на дело“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Инаку, за хуманитарниот базар е најавена богата предновогодишна програма во која главната улога ќе ја имаат Ивце Пивце и Битолското Чупе, меѓутоа предвидени се и многу игри, забава, претстави и награди за најмалите.

Токму во претпразничниот период, кога е време на подарување, споделување убави моменти и искрена солидарност кон децата, Битолска млекара и Веро ги покануваат сите заинтересирани што сакаат да ја покажат својата хуманост, да го дадат својот придонес кон СОС Детското село Македонија и да го поминат ова саботно попладне со многу забавни активности за целото семејство.

Објавено во македонија | 21.12.2017 - 13:56
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Патувањето најдобро се мери во пријатели, а не милји  „

Тим Кахил