Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Промотивна конференција на „BalkanMed INNOVA - Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации“

На 17-ти април со почеток од 12.00 часот во Стопанската Комора на Македонија (Скопје), 5 кат, Сала 4 ќе се одржи промотивна конференција за медиуми за почеток на проектот BalkanMed INNOVA - Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации.

Главна цел на проектот BalkanMed INNOVA е низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постојните мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијално нови стартапи. Проектот е насочен кон претприемачите, а целта е тие да се здобијат со нови знаења и вештини, и истите да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите-партнери на проектот.

Агенда:

12:00 - 12:30 Регистрација на учесници

12:30 - 13:15 Презентација на целите и активностите на проектот 

13:15 - 13:30 Дискусија

13:30 - 14:00 Коктел

Повеќе информации за проектот можете да прочитате на следниот линк - http://www.balkanmed-innova.eu/index.php/description-eng, со испраќање на е-мејл на daniela.janeva@yes.org.mk или на телефонскиот број +389 (0) 2 3108 891.

Сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за регистрација кој е достапен на следниов линк https://goo.gl/tCJTmK најдоцна до 15.04.2018. 

Објавено во македонија | 13.04.2018 - 09:50
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Некои луѓе никогаш не полудуваат. Колку ли им се ужасни животите. „

Чарлс Буковски