Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

South Central Ventures инвестира 500.000 фунти во InPlayer

InPlayer, македонско-британска компанија која има развиено своја платформа за монетизација и им помага на многу светски компании во монетизирање на нивните дигитални содржини, официјално ја најавува добиената инвестиција вредна 500.000 фунти од регионалниот инвестицискиот фонд South Central Ventures (SCV).

По тој повод, на 24 јули, во 11:00 часот, се одржa свечен настан на кој присуствуваа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставници од неговиот кабинет. Настанот се одржа во новите канцеларии на InPlayer кои официјално беа отворени на истиот датум. Канцелариите се наоѓаат во строгиот центар на град Скопје во новоотворениот бизнис центар „Челси“ на ул. Никола Кљусев бр.11.

Во Скопје се наоѓа и топ менаџмент тимот, оперативниот директор (COO) Ненад Чубриновски и техничкиот директор (CTO) Филип Димчевски, додека извршниот директор (CEO) Џорџ Мик (George Meek) и управниот одбор на компанијата е во Лондон. InPlayer Македонија, моментално управува со тим од 35 вработени и ги опслужува најголемите медиумски и софтверски компании во светот. Од нивното богато портфолио на клиенти, соработници и партнери, може да ги издвоиме: FilmBox, Massive Interactive, Pageant Media, Livestream, Ooyala, и JW Player.

 

Mисијата на InPlayer е да им помага на своите клиенти во дистрибуција и монетизација на нивните дигитални содржини. Многубројните успеси на компанијата најмногу се должат на постојаното вложување во нови технологии и секако нови луѓе, кои се посветени на тоа што го работат и секогашспремни за нов предизвик даден од клиент.

InPlayer е воодушевен што ќе работи со SCV. Во моментов имаме тим од 35 вработени и очекуваме тоа двојно да се зголеми во текот на следните 12 месеци. SCV ќе овозможи InPlayer да го продолжи својот раст ширум светот. Македонија е клучна за иднината на нашиот бизнис и имаме среќа да ги привлечеме одличните таленти кои живеат тука;, вели Џорџ Мик, извршен директор на InPlayer.

Со оваа инвестиција се очекува до крајот на 2017, InPlayer да брои 50 вработени, а до крајот на 2018 дополнителни 50 вработувања. Листата на отворени позиции во InPlayer, може да ја погледнете на следниот линк: http://inplayer.applytojob.com/apply

Ние сме возбудени што ќе работиме со тимот на InPlayer и ќе ги поддржиме понатаму во нивниот раст и зголемување на нивното портфолио на клиенти. Монетизацијата на дигитални содржини е дефинитивно една од најатрактивните области во бизнисот и јас навистина верувам дека InPlayer со нивната напредна платформа за монетизација како и својот искусен и посветен тим е добро позициониниран да стане еден од најдобрите играчи на пазарот, рече Татјана Забасу, Партнер во SCV.

За South Central Ventures:

South Central Ventures (SCV), е фонд за ризичен капитал (VC fund) кој располага со 40 милиони евра за инвестирање во иновативни компании од Балканот кои развиваат технолошки решенија со голем потенцијал за раст. Официјално фондот функционира од своите канцеларии во Загреб, Белград и Скопје и досега има инвестирано во 9 компании во регионот со инвестиции кои се движат меѓу 100 илјади и 2 милиони евра. Во Македонија досега фондот инвестираше во компаниите Letz и Cognism.

Објавено во македонија | 25.07.2017 - 10:14
Тагови:

Лајкнете не на Facebook