Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

За чист град пазари со Mastercard!

Во месеците кога рекордната загаденост на воздухот, за жал, е главна тема во нашата држава Охридска банка Сосиете Женерал, преку наградната игра со Mastercard ги повикува граѓаните на заеднички придонес за подобра животна средина.

Креативната еко-кампања – „За чист град пазари со нашата Mastercard“ ги охрабрува сегашните и идните потенцијални корисници на услугите на Охридска банка Сосиете Женерал во периодот помеѓу 15.12.2017 и 15.02.2018 да ги користат своите дебитни Mastercard картички и со тоа да бидат дел од големата наградна игра.

Целта на кампањата е развивање на еколошката свест и грижата за животната средина, како и истакнување на личните придобивки од здравата навика наречена возење велосипед.

Наградната игра „За чист град пазари со нашата Mastercard“ започна на 15.12.2017 и ќе трае точно два месеци, односно до 15.02.2018. Шест дена подоцна, на 21.02.2018 ќе ги дознаеме и среќните 70 добитници на велосипеди.

Право на учество во наградната игра имаат сите корисници на Mastercard дебитните картички издадени од Охридска банка Сосиете Женерал (Maestro, Mastercard Debit Standard и Mastercard Debit Gold). Условот за учество е да се направени најмалку 20 трансакции со дебитните картички на Mastercard (Maestro, Mastercard Debit Standard и Mastercard Debit Gold) од кои минимум една трансакција да биде направена со Mastercard Debit Standard картичката за физички лица со можност за бесконтактни плаќања. Повеќе детали за условите за учество имате на следниот линк.

Охридска банка Сосиете Женерал, како општествено-одговорна компанија која се грижи за околината и за своите корисници, има постојано за цел да гради силна врска на повисоко ниво со своите сегашни, но и идни корисници. Процес од кој секако е дел и најновата кампања „За чист град пазари со нашата Mastercard“.

Среќно и се гледаме со новите велосипеди низ град 

Објавено во македонија | 12.01.2018 - 14:55
Тагови:

Лајкнете не на Facebook