Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Завршна конференција „Мерки за поддршка на млади на локално ниво – успешни локални приказни“

На 10-ти мај, со почеток од 11.30ч, во Дом на културата во Пробиштип, ќе се одржи завршната конференција на тема „Мерки за поддршка на млади на локално ниво – успешни локални приказни“.

 Конференцијата е дел од проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија. На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот, најдобрите практики од пилотираните мерки од областа на младинските политики на локално ниво од општините Пробиштип, Чашка и Старо Нагоричане.

Дополнително како дел од конференцијата ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти со цел вклучување на младите на пазарот на труд“.

Презентација на клучните реализирани активности и спроведените предлог-мерки преку локални проекти на граѓанските организации ќе биде извршена пред релевантни стејкхолдери, претставници на граѓански организации, претставници на општините кои работат на полето на креирање младински политики, но исто така млади лидери и претставници од бизнис заедницата.

Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ има за главна цел да ги вклучи младите во процесот на одлучување и поставување на механизми за долгорочен развој и имплементација на локални младински политики.

Преку имплементација на локалните проекти, односно спроведување на предлог мерки за поддршка на младите кои се во линија со приоритетите на Националната стратегија за млади на РМ, се зајакнаа капацитетите на граѓанските организации и се овозможи зајакнување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, што ќе придонесе за долгорочно социо-економско јакнење на младите и нивно активно вклучување во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.

Проектните активности се реализираа во времетраење од 18 месеци, а ги имплементираа партнерските организации Фондација Претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар, во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане.

Повеќе информации за проектот може да се најдат на www.yes-network.org

АГЕНДА ЗА ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА

MЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИ НА ЛОКАЛНО НИВО УСПЕШНИ ЛОКАЛНИ ПРИКАЗНИ

Датум и час: 10.05.2017 (среда), од 11.30ч

Место: Дом на култура, Пробиштип 

 

11.30 – 12.00

Регистрација на учесници

12.00 – 12.20

Официјално отворање

Претставник од Општина Пробиштип

Г-ѓа Софија Цали Кузманова – ПСМ Фондација

12.20 – 12.30

Вовед и цели на проектот

Г-дин Кристијан Бошков – Фондација Евро Центар

12.30 – 12.40

Клучни реализирани активности и достигнувања

Г-ѓа Софија Цали Кузманова – ПСМ Фондација

12.40 – 13.00

 

Пилотирани мерки за поддршка на млади на локално ниво – успешни локални приказни

Г-ѓа Лидија Пљакова – Претставник на ЛЕР во Општина Чашка

Г-ца Маја Лукарова – ПСМ Фондација

Г-дин Кристијан Бошков – Фондација Евро Центар

13.00 – 13.45

Дискусија на тема „Соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти со цел вклучување на младите на пазарот на труд

Модератор: Г-ца Маја Лукарова – ПСМ Фондација

13.45 – 14.00

Прашања и одговори

14.00 – 14.30

Освежување и вмрежување

Објавено во македонија | 11.05.2017 - 10:24
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Црна мачка што ти го пресекува патот значи дека животното оди некаде. „

Гручо Маркс