Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

ЕУ сака Британија да излезе што поскоро

Откако Британија изгласа за излез од ЕУ, лидерите на Унијата не сакаат да ги влечкаат работите.

Министрите од шесте земји основачи се состанале на итен состанок во Берлин и заклучиле дека Британија треба веднаш да го започне процесот на излегување наместо истиот да се влечка со месеци пред да започнат преговорите.

„Треба да ја свртиме страницата, не сакаме да создадеме вакуум. Нема да биде обична работа“, изјавил холандскиот министер за надворешни работи.

Премиерот Дејвид Камерон даде оставка и сака неговиот наследник, кој нема да дојде на функција до октомври, да ги води преговорите за излез.

Во меѓувреме:

Петиција која апелира до британската влада да одржи втор референдум сега има повеќе од 1,5 милиони потписи, сосема доволно од 100-те илјади потребни за референдумот да биде разгледан.

Њујорк Тајмс даде осврт на одлуката на Британија и како истата се одразила ширум Европа. Десничарските партии низ континентот сега бараат референдуми за излез од ЕУ, додека скоро е сигурно дека ќе се одржи нов шкотски референдум за напуштање на Британија.

Објавено во свет | 27.06.2016 - 09:43
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Секогаш запаметете дека сте апсолутно уникатни. Исто како и сите други „

Маргарет Мид