Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
Британците гласаа за напуштање на Унијата

ЕУ се разбуди без Велика Британија

Британците на вчерашниот референдум се изјаснија за напуштање на ЕУ, објави утрово Би­-би-­си.

Според сѐ уште нецелосните резултати од пребројувањето на гласовите, за излез на Велика Британија од Унијата се изјасниле 51,8 проценти од гласачите - 15.882.960 илјади гласачи гласале за излез од Унијата, а 14.753.943 гласале против, се последните бројки на Британската изборна комисија.

Во овој збир, во кој недостигаат резултатите од уште пет изборни окрузи, приврзаниците на напштањето на Унијата се за околу 1,1 милион повеќебројни од оние што се изјасниле за останување на земјата во Унијата.

Одѕивот на референдумот бил 67,3 проценти.

Во исто време, британската фунта падна на најниско ниво во однос на доларот во последниве 31 година. Тоа, според новинската агенција Асошитед прес, е поради шансите на референдумот да биде изгласано Британија да си оди од Унијата.

Екстремните десничари во земјите-членки на ЕУ веќе се јавија со свои коментари поддржувајќи го Брегзит со предлози за излез и на нивните земји.

Во Брисел денеска ќе се настојува да се прикаже обединетост под мотото: една земја сака да си оди, но ние сме заедно.

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон е соочен со неизвесна иднина. Последиците за Велика Британија се тешко проценливи. Европската Унија е исправена пред најголемата криза во својата историја. 

Преземено од www.mkd.mk

Објавено во свет | 24.06.2016 - 08:51
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Коа купуваш Full HD телевизор, пушти го Гоце Арнаудов прво за да видеш дали се гледат сите 5 милиони бои на кошулата. „

@superextrabonus