Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

IMS Internet Media Services постигна договор за стекнување на главен удел во Httpool

IMS Internet Media Services (IMS), подружница на Sony Pictures Television Networks и една од најголемите компании за продажба на дигитални реклами и медиа закуп во Латинска Америка, објави дека постигнала договор за стекнување на мнозински удел во Httpool, меѓународна огласувачка мрежа на повеќе канали, со присуство во Централна и Источна Европа и Азија

Во согласност со регулаторното одобрување, договорот ќе создаде една од најголемите компании во индустријата на дигитален маркетинг и рекламирање, со комбинирано работење со кое се поддржуваат повеќе од 6000 агенции и брендови ширум светот и ексклузивно се застапуваат Twitter, LinkedIn, Spotify и повеќе од 5000 глобални и локалните издавачи во 30 земји во Латинска Америка, Централна и Источна Европа и Азиско-Пацифичкиот регион.

Оваа аквизиција ќе му овозможи на IMS да се развие во некои од најзначајните земји со највисок потенцијал низ цела Европа и Азија и да создаде вистинска глобална компанија. IMS и Httpool заедно можат да понудат крајно решение за реализација на кампањи од сферата на дигиталниот маркетинг, при тоа помагајќи им на партнерите со нашето длабоко познавање на локалните пазари и зајакнување на локалните медиуми, огласувачи и илјадници дигитални професионалци и претприемачи“, изјави Гастон Таратута, извршен директор и основач на IMS.

„Соединувањето на IMS и Httpool ќе создаде комплетно решение за огласувачите при лансирањето на локални или меѓународни кампањи, но и можност на мрежите и медиумите да ја капитализираат својата содржина на најбрзорастечките пазари во светот“, изјави Енди Каплан, претседател, worldwide networks, Sony Pictures Television.

IMS и Httpool ја делат истата визија, па затоа не можевме да замислиме подобар партнер. Овој договор претставува важна пресвртница за Httpool и важно признание за сите наши досегашни достигнувања. Партнерството со IMS ќе го поттикне нашиот растечки развој и ќе ни овозможи да ги прошириме комерцијалните решенија на глобално ниво“, изјави Аљоша Јенко, извршен директор и основач на Httpool.

Httpool и неговиот тим воспоставија неверојатна меѓународна позиција, развија комплементарни технологии за рекламирање и ги споделуваат истите претприемачки вредности како IMS. Со здружување на силите, двете групи можат да направат трајно влијание врз поширокиот дигитален екосистем преку континуирани иновации, отвореност, креативност и партнерства“, додаде Таратута.

Со седиште во Мајами, IMS исто така има и канцеларии во Бразил, Мексико, Аргентина, Колумбија, Чиле, Панама, Перу, Еквадор и Уругвај.

19-те канцеларии на Httpool се лоцирани во: Индија, Хонг Конг, Австрија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија, Естонија, Латвија, Литванија, Украина и Русија.

За IMS

IMS Internet Media Services (IMS), подружница на Sony Pictures Television Networks, е водечка компанија за дигитални комуникации и маркетинг која гради партнерства со компании кои брзо се развиваат и кои сакаат да го прошират својот пазар во Латинска Америка. IMS преку својот уникатен екосистем на деловни сојузи, креативни content решенија, медиумски менаџмент и инвестициски услуги, им помага на брендовите да достигнат нови нивоа на раст и развој.

Водечките брендови како што се EA, Foursquare, LinkedIn, Spotify, Snapchat, Twitter, Yahoo, Twitch, Vevo и Waze работат ексклузивно со IMS за зајакнување на своето присуство во Латинска Америка. IMS е со седиште во Мајами и има канцеларии во Бразил, Мексико, Аргентина, Колумбија, Чиле, Панама, Перу, Еквадор и Уругвај.

За повеќе информации посетете ја страницата: www.imscorporate.com.

За Httpool

Httpool е водечка централна и источна европска огласувачка мрежа на повеќе канали со присуство во Азија која се фокусира на пазарите надвор од САД и Западна Европа. Httpool нуди најширока палета на интернет огласувачки производи и решенија низ Display, Video, Engagement, Social и Performance каналите.

Httpool ги користи најнапредните сопствени и лиценцирани технологии, има долгогодишно меѓународно искуство и ги застапува Twitter, LinkedIn, Spotify и други избрани глобални и локални медиуми на 22 пазари, вклучувајќи ги Австрија, Швајцарија, Русија, Индија, Хонг Конг, Полска, Босна и Херцеговина Бугарија, Чешка, Хрватска, Естонија, Латвија, Литванија, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Романија, Србија, Словенија, Словачка и Украина.

Httpool Македонија е основана 2005 година во партнерство помеѓу Httpool Словенија и Nextsense.

За повеќе информации посетете ја страницата: www.httpool.com.

Објавено во свет | 06.07.2017 - 09:53
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Одете во рајот за климата, а во пеколот за друштвото. „

Марк Твејн