Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Балет: ем спорт, ем уметност

Можеби не го гледате балетот (ако воопшто и некогаш сте го гледале) како дисциплина која може да парира со многу спортови, ама брендот за спортска облека Under Armour преку неговото ново заштитно лице Мисти Коупленд не би се сложил со вас. 

Иако релативно „стара” за балет, Мисти на тринаесетгодишна возраст ја почнува својата успешна приказна во оваа уметност која се' повеќе може да се смета за комбинација на уметничка грациозност и спортска способност за квалитетна изведба на најтешките солистички парчиња.

Мисти во 2007-ма станува првата Афроамериканка која добива статус на солист во ултрапрестижниот Американски балетски театар во последните 20 години, а видеото погоре е само доказ дека балерините ја имаат истата физичка подготвеност (ако не и поголема) како повеќето нивни колешки од светот на спортот.

Објавено во разно | 02.08.2014 - 15:17
Тагови:

Лајкнете не на Facebook