Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Volvo ја најави новата генерација компактни модели

Шведската марка за првпат излегува пред јавноста со планот за идното семејство модели во компакт класата. 

Новата серија 40 треба да настапи со впечатлив дизајн, хибриден и електричен погон, напредно поврзување и автономна технологија.

Volvo денес официјално стартува со реализација на стратегијата на компактни модели за глобалниот пазар, кои ќе ѝ дадат сосема нов правец на шведската премиум марка. 

Два концепта од идната серија 40 за првпат го прикажуваат планот на Volvo за освојување на глобалниот пазар на компактни автомобили од премиум сегментот, кои комбинираат впечатлив дизајн на каросеријата и на ентериерот, врвна технологија на поврзување со преносни уреди, електрификација на погонската спрега и системи за автономно возење.

Од двата концепта ќе произлезат првите два сериски модели на база на новата платформа што Volvo ја нарекува CMA (компактна модуларна архитектура). Според Томас Ингенлат, главниот дизајнер на Volvo, платформата ќе внесе младешка нота во моделите на шведската марка. „Тие поседуваат енергија, како и темпераментен и активен урбан карактер со што тие се издвојуваат во толпата,“ посочува Ингенлат.

Новата платформа е од стратешко значење за Volvo, кој планира во следните четири години да застане рамо до рамо со актуелните водечки марки во премиум сегментот, преку зголемување на продажбата и на профитот. 

Како што беше најавено претходно, новото семејство „40“ ќе понуди две опции во погонската спрега, едната со чисто електричен погон, другата со плагин-хибрид погон. 

Планот е Volvo да продаде еден милион автомобили со електричен и плагин-хибриден погон до 2025 година. Новата серија модели 40 стартува со производство во 2017 година.

Заедно со новата генерација модели од компакт класата, Volvo ја најави и новата погонска изведба T5 Twin Engine, која што ќе виде изведена со новиот трицилиндарец од 1,5 литар, во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка и електромотор. 

Соодветно на построгата ценовна рамка во компактниот сегмент, погонот со оваа изведба ќе биде само на предните тркала, за разлика од T8 Twin Engine во поголемите модели.

Преземено од Automedia.mk.

Тагови:
19.05.2016 - 13:29

Лајкнете не на Facebook