Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
рецензија

Дедпул: Антихеројот со погана уста

Упатство за читање на рецензијата за најзае*аниот марвелов антихерој, единствениот и неповторлив мајкое*ач, Дедпул: 1. Очекувајте пцуење. Многу пцуење. 2. Пуштете го линкот од предлог-нумерата. 3. Веднаш резервирајте си ги билетите во Cineplexx.

Клик:

Прво, да се запознаеме со нашиот херој.

Базиран на марвеловиот лик од 1991-ва година, Дедпул е приказна за потеклото на платеникот Вејд Вилсон, или со негови зборови, „лошиот тип што го плаќаат да убива уште полоши типови“. Од трејлерот знаеме дека Вејд има неизлечив рак и дека оние што ќе го „спасат“ ќе му го зае*ат целиот изглед, но ќе добие натчовечка способност за брза регенерација што ќе го направи скоро неуништлив.

Дедпул е еден од ретките Марвел ликови кои се наменети за малку постара публика, пред сè заради степенот на пцуење, експлицитност и растурени мозоци кои се појавуваат во филмот. Ама зависи од вашите сфаќања - филмот или е љубовна приказна, или хорор-акција. Бирајте сами. Мене лично ми се допадна класичната љубовна приказна на „дечко се вљубува во девојка, некој ја киднапира девојката, дечкото му е*ава матер“, која во овој случај е зачинета со уште неколку драматични моменти.

Плус, ова:

Второ - збор два за дејството. Сфаќате што ве очекува уште во првите три секунди од најавната шпица, а тоа е - смеење, посебно ако сте мераклии на вулгарни шеги (кој не е). Многу акција, многу тепачки, многу досетки и мнoooогу експлозии.

За оние повнимателните има и добра доза референци од поп-културата, но и од самиот Марвел универзум, умешно вметнати во повеќето сцени. Она по што овој филм се разликува од класичните Марвел блокбастери е кршењето на четвртиот ѕид, односно фактот што поголемиот дел од времето, Дедпул ни се обраќа нам, на публиката.

Дополнителен придонес за комичните моменти даваат и двата мутанти со споредни улоги - Colossus и Negasonic Teenage Warhead, кои се одлична противтежа на негативците Ajax и Angel Dust. Иако е релативно нов лик, повеќе од јасно е дека Дедпул ќе биде франшиза од која ќе може многу да се исцрпи, a веќе има шпекулации дека полека почнува да се крчка и продолжението.

Филмот е 108-минутно уживање и поглед во уникатниот светоглед на нашиот нов омилен антихерој, кинематографско искуство што никако нема да ве остави рамнодушни. Еден од ретките филмови што нè израдува со одлични трејлери, и успеа да ни го задржи вниманието низ целиот филм.

Трк до Синеплекс за да се уверите и сами.

Објавено во филм | 12.02.2016 - 13:57
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Некои луѓе никогаш не полудуваат. Колку ли им се ужасни животите. „

Чарлс Буковски