Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

ФХ3Х работеше на 3 од 5 филма номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти

Денес Академијата свечено ги објави филмовите кои се номинирани за најпрестижната филмска награда Оскар во сите категории и петте номинирани за наградата за најдобри визуелни ефекти се: Blade Runner 2049, Guardians of the Galaxy Vol. 2, Kong: Skull Island, Star Wars: The Last Jedi, War for the Planet of the Apes.


ФХ3Х од номинираните пет работеше на Guardians of the Galaxy Vol. 2, Kong: Skull Island и Star Wars: The Last Jedi.

Тифани Хадиш и Енди Серкис ги објавија номинациите заедно со претседателот на Академијата Џон Бејли од Семјуел Голдвин театарот.

Во категоријата за најдобри визуелни ефекти на пошироката листа беа Guardians of the Galaxy2, Alien Covenant, Okja, Blade Runner 2049, Dunkirk, The Shape of Water, Star Wars: The Last Jedi, Valerian and the city of a thousand planets, War for the Planet of the Apes и Kong:Skull Island.

Од овие 10 официјална номинација добија следниве 5: Blade Runner 2049, Guardians of the Galaxy Vol. 2, Kong: Skull Island, Star Wars: The Last Jedi, War for the Planet of the Apes. ФХ3Х од ови пет работеше на Guardians of the Galaxy Vol. 2, Kong: Skull Island и Star Wars: The Last Jedi.

Домаќин на официјалната церемонија на доделување на Оскарите ќе биде Џими Кимел, а истата ќе се одржи на 4 март во недела.

Објавено во филм | 25.01.2018 - 11:15
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Секогаш запаметете дека сте апсолутно уникатни. Исто како и сите други „

Маргарет Мид