Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

И Спајдермен стана Одмаздник

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на филмот Спајдермeн, премиерата на филмот е на 6 јули во киното Cineplexx.

Иако малку видовме од новиот Спајдермен во последниот Капетан Америка: Цивилната Војна, ќе биде интересно да се види неговото воведување во групата Одмаздници за нас Марвеловите фанови, особено кога Спајдермен е 15 годишен тинејџер кој оди во средно училиште, а неговиот „ментор“ е Ајрон Мен.

Од првото соло појавување на овој Марвелов лик, очекуваме духовито, жустро освојување со се она со кое Питер Паркер и неговото алтер Его не забавуваат веќе половина век.

На овој проект работевме од јануари до мај оваа година, со тим од околу 70 артисти. Марвеловите филмови ни се особено драги проекти, бидејќи сме фанови како компанија, но сепак моментот кога ќе си го видиме името на одјавната шпица, како што е на пример последниот проект, Трансформери: Последниот Витез, кој имаше премиера минатата недела, е токму тој момент, непроценлив, радост за целиот тим, причина да се гордееме со тоа до каде сме стигнале„ изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик и основач на ФХ3Х.

Спајдермен доаѓа дома“ е Американски филм за супер херој базиран врз карактер од Марвеловите стрипови, шеснаесетти филм во низата Марвелови суперхероји а втора екранизација на главниот лик. Режисер е Џон Уатс, а главните улоги ги толкуваат: Том Холанд, Мајкл Китон, Џон Февре, Доналд Гловер, Зендаја, Мариса Томеј и секако Роберт Дауни Џуниор.

Премиерата на „Спајдермен си доаѓа дома“ беше во Холивуд на 28ми јуни, додека филмот ќе почне со светска проекција на 7-ми јули. Оценката на критичарите за филмот беше многу позитивна и филмот беше оценет за најдобар од Спајдермен 2 од 2004-та со високи оценки за актерскиот перформанс на Холанд. Продолжението е закажано за 5 јули 2019.

Објавено во филм | 03.07.2017 - 13:42
Тагови:

Лајкнете не на Facebook