Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Том Круз во невозможна мисија против Мумијата

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на филмот „Мумијата“ со Том Круз кој започнува да се прикажува на репертоарот во Cineplexx од 8 јуни.

 

На 8 јуни во киното Cineplexx започнува со прикажување најновото продолжение од франшизата филмови за древната легенда за Мумијата, легенда која ги фасцинира сите култури од почетокот на цивилизацијата. Том Круз ја предводи новата спектакуларна кинематографска верзија на оваа приказна која е околу принцезата Ахманет (во улога на Софија Бутела) која е разбудена од својот вечен сон во гробницата далеку под пустинските дини, гневна заради неможноста да си ја исполни судбината за која била предодредена, одмаздувајќи им се на луѓето кои ги смета за главни виновници.

За работата на овој проект, Кристијан Даниловски, ко-основач и ко-сопственик на ФХ3Х изјави: „На филмот работеа околу 120 артисти во периодот од октомври минатата година до мај оваа година и иако можеби изборот на главниот глумец нема секому да му се допадне, филмот носи изненадувачки интензитет и адреналинска возбуда, и на еден нов начин не вози низ светот на Богови и чудовишта, префрлувајќи не од песочните дини на Средниот Исток до тајните лавиринти под модерниот Лондон. Прилично сум сигурен дека ќе уживаме во спектаклот“, изјави Даниловски.

Објавено во филм | 08.06.2017 - 11:13
Тагови:

Лајкнете не на Facebook