Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Вистинска акција од почеток до крај - „Американски Платеник“ од 28.09 во Cineplexx

Базиран на бестселерот на Винс Флин „Американски платеник“, филмот на публиката и го претставува еден од најпопуларните современи фиктивни херои, ЦИА агентот Мич Рап. 

Дваесет и три годишниот Мич ги има изгубено своите родители во трагична сообраќајна несреќа кога имал четиринаесет години, а неговата девојка ја губи во терористички напад на денот кога се вериле. Барајќи одмазда, тој е ангажиран од заменик директорот на ЦИА, Ирина Кенеди, како регрут во специјалните сили. Нему му го доделуваат Стен Харли, ветеран од Студената војна, да го обучува. Тие заедно ќе откријат бран на напади врз воени и цивилни мети. Ова откритие ќе ги води во заедничка мисија со турски агент во спречување на мистериозна оперативна намера за започнување на светска војна на Блискиот исток. 

Филмот ги обединува актерот во подем Дилан О’Брајан (во улога на Рап) и добитникот на „Златен Глобус“, Мајкл Китон како легендарниот ЦИА тренер Стен Харли. Мајкл Квеста, режисерот на филмот, креира бурно но возбудливо трансконтинентално патување кое не носи од Вашингтон Д.Ц. до Истанбул и Рим, па се до авионот на американската армија...се до сивите зони на нашиот свет во 2017 година. Квеста вели: „Ова е оригиналната приказна за Мич Реп – како тој се трансформира од човек кој бара одмазда до професионалец кој работи со силна свест за правдина. Многу сум возбуден кога ќе погледнам како фановите на книгата и сите останати ќе имаат можност да видат како Дилан О’Брајан станува Мич. Дилан има многу современ изглед за овој милениум и мислам дека на публика многу ќе и се допадне неговата интеракција со Мајкл Китон кој неверојатно добро ја одигра улогата на Харли и наликува на Џон Вејн од 21 век.“ 

Објавено во филм | 29.09.2017 - 09:47
Тагови:

Лајкнете не на Facebook