Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
Мајлс Дејвис и боксувањето

„Не ме удирај по уста, треба да свирам вечер“

За време на неговиот живот и кариера, поврзаноста на Мајлс Дејвис со боксот била скоро исто толку сложена и фасцинантна како и неговата музика. Боксот му бил извор на инспирација од детството, муза, па дури и спасител.

Додека се возеле накај дома од тренинг во теретаната на Боби Глисон во Бронкс во 1970-та година, Мајлс Дејвис му кажал на Ден Моргенстерн од списанието Down Beat дека „боксувањето е како музика. Мора да го надоградуваш“.

Легендарниот џез трубач и композитор не е единствениот што направил таква споредба - Џорџ Форман славно изјавил дека „боксувањето е како џез Колку е подобро, толку помалку го ценат“.

Дејвис пораснал со љубов кон боксувањето и созреал во една од најклучните точни за спортот. Имал 11 години кога Џо Луис станал вториот црн шампион во тешка категорија и американска икона во 1937-ма година.

Во 1951-ва Дејвис имал 25 години, професионален џез музичар во подем, кога Луис боксувал за последен пат. Со други зборови, Дејвис ја поминал адолесценцијата следејќи го подемот на Луис како еден од најистакнатите црни луѓе на своето време.

Сакам кога црно момче ќе се израдува дека ме видел. Како што се радуваа за Џо Луис. Сакам црните луѓе да ме гледаат како Џо Луис“, изјавил музичарот во 1974-та година.

Во животот на Мајлс имало уште еден познат боксер кој имал многу поголемо влијание врз него отколку Луис. Тој можеби сакал да биде обожаван како Луис, но сакал да биде Шугар Реј Робинсон. Дејвис признал дека во 1954-та година, Робинсон бил најважното нешто во неговиот живот, освен музиката.

Отсекогаш сум сакал боксување, но навистина го сакав и почитував Шугар Реј, бидејќи беше голем борец со многу класа и беше многу чист. Беше згоден и жените го сакаа“, напишал Дејвис во автобиографијата од 1989-та година.

Како зависник од дрога кој се обидувал да се откаже, но не успеал, Дејвис наоѓал инспирација во посветеноста на Шугар Реј и благодарение на него решил да си го промени животот.

„Ја баталив навиката заради примерот на Шугар Реј Робинсон; сфатив дека ако тој може да биде толку дисциплиниран, можам и јас“, напишал Дејвис.

Со сликата на Шугар Реј во глава како негов херој, Дејвис се вратил во Њујорк за да си го среди животот. Откако се исчистил, решил да почне да се занимава со боксување, исто како неговиот идол.

Откако успеал да го убеди тренерот Боби МекКвилен дека е чист, парот почнал да работи заедно и Дејвис научил како да се движи и да се фокусира како боксер. Времето поминато во салата за вежбање му го држеле умот чист, телото здраво, и музичкиот талент посилен како никогаш претходно.

Во неговата автобиографија, Дејвис има посветено добар дел на споредби меѓу музиката и боксувањето и сличностите на кои се развива меморијата, начинот на размислување и стилот.

„Боксувањето има стил како што има и музиката. Но мора да имате стил без разлика што правите - пишување, сликарство, мода, боксување. Некои стилови се течни и креативни и фантазерски и иновативно, а некои не се“.

Но колку и да го обожавал боксувањето, и комбинирањето на истото со музиката, постоеле одредени ризици кои не смеел да ги преземе. Го вежбал спортот но избегнувал вистински тепачки за да не си ја повреди устата и рацете.

Објавено во Интервју | 07.02.2015 - 15:30
Тагови:

Лајкнете не на Facebook