Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
ONE LOVE TOUR

6 Балкански ѕвезди на заедничка турнеја во Македoнија и Бугарија

One Love Tour е најжешката летна турнеја до сега креирана помеѓу две соседни држави- Македонија и Бугарија. Креатори и продуценти на проектот се Македонската Иноватива Груп и Бугарската Междина Станциа.

Во вторникот, на 16ти мај, на прес-конференција во Софија која се одржа во хотел Маринела, продукциите ја официјализираа турнејата и објаснија нешто повеќе за истата: One Love е турнеја која обедини 6 балкански ѕвезди, најеминентните и влијателни артисти на една сцена, собрани со една иста идеја, надминување на сите политички и социјални спреги преку јазикот на нивната музика.

Настапуваат: Слаткаристика, Тони Зен, DJ Гоце С.А.Ф. од Македонија, и Криско, Гери-Никол и групата Апсурт од Бугарија.

Турнејата започнува во Банско на 22 jули со бесплатен концерт поддржан од Општина Банско, продолжува на 26ти Јули во Охрид, 27 jули Струмица, на 17ти август во Сончев Брег, 18ти aвгуст во Варна, 6ти септември во Пловдив, a концертната турнеја завршува со концертите на 30ти септември во Скопје и 7ми октомври во Софија.

Широката јавност, сите новитети и информации поврзани со One Love Tour ќе може да ги следи преку официјалниот web портал http://onelovetour.net/mk/, или пак за Македонскиот дел од турнејата на https://www.facebook.com/One-Love-Tour-MK-451973838488849/

Влезните билети за Македонскиот дел од турнејата ќе бидат пуштени на 22ри мај, понеделник од 20:00 часот, преку продажната мрежа на MK Tickets.

За повеќе информации: contact@inovativa.mk

Објавено во музика | 19.05.2017 - 13:54
Тагови:

Лајкнете не на Facebook