Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Alan Walker доаѓа на SKOPJE CALLING 2018

Во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, се одлучивме оваа година фестивалот Skopje Calling да трае два викенда!

Па така, огромно задоволство ни е да ви најавиме дека хедланјер на првиот викенд на Skopje Calling 2018 ќе биде ALAN WALKER- апсолутно едно од најголемите имиња на електронската музичка сцена во во моментов, со настап на 2 јуни, сабота, на АРМ стадионот.

Иако има само 20 години, WALKER е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на YouTube, неговите хитови „Faded“, „Alone“ и „Sing Me To Sleep“ ги оборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ листи, а исто така имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји.

За оваа година, WALKER најави нова музика, како и светска турнеја, каде за прв пат ќе го види македонската публика и онаа од регионот на фестивалот Skopje Calling 2018!

Влезниците по цена од 1000 ден ПАРТЕР и 1500 денари ФАН ПИТ ќе бидат во продажба од 9ти февруари.

Наскоро очекувајте многу ексклузивни објави во рамки на проектот „25 години Авалон Продукција“.

Објавено во музика | 14.02.2018 - 00:01
Тагови:

Лајкнете не на Facebook