Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Билетите за Skopje Calling 2017 во продажба од утре

Познати се сите детали околу  влезниците за претстојниот спектакл SKOPJE CALLING 2017на кој како хедлајнер е веке најавен #1 world dj MARTIN GARRIX.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (22.02.2017) точно во 09 часот наутро, преку системот Купи Карти За Се, како и преку глобалната мрежа на Eventim во Србија, Хрватска, Бугарија...

Билетите ќе бидат по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАНПИТ- 1500 денари

ВИП- 1500 денари

УЛТРА ВИП- 2000 денари

ВИП И УЛТРА ВИП влезниците ќе се продаваат исклучиво преку резервации, на телефонскиот број: 077/945505 (секој ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела),и на следниве email адреси: avalonmkevents@gmail.comи contact@kupikartizase.com

Иако има само 20 години, Мartin Garrix во моментов не само што е no.1 world dј и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

Пред диџеј сетот на Garrix, на фестивалот Skopje Calling 2017 ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта.  

 

На спектакуларниот настан SKOPJE CALLING 2017 се очекува да присуствуваат повеќе од 25 илјади посетители од целиот регион, бидејќи засега, ова е навистина ексклузивен настап на MARTIN GARRIX во регионот.

Објавено во музика | 21.02.2017 - 12:54
Тагови:

Лајкнете не на Facebook