Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Џин меѓу џиновите - Емин Џијан

Музиката има моќ да го обликува вашиот карактер”- Аристотел

Музиката е уметност со која преку звук ги изразуваме своите чувства, стравови, особини. Основни технички елементи на музиката се ритам, мелодија и хармонија.  Меѓутоа, кога ќе се најдете помеѓу огромна толпа  луѓе,  веројатно ќе дојдете и до бесконечно многу дефиниции за тоа што е музика?

Која е вашата дефиниција за музика? Љубов, бес, болка, среќа, тага, измешани чувства?

Музиката е алгебра на звукот, закони на математика кои се претвораат во хармонија, во совршена фрекфенција на воздушен бран. Од сите уметности, како музиката да е најетерична: за нејзино создавање потребно е најмалку материјал. Како и да е, надвор од сите теории и дефиниции, музиката како уметност има најголема моќ врз човекот. Уште во минатото музиката се смета како делод столбот на општествената стабилност и статус. 

Замижете и замислете го чувството на моќ, чувството кога сте на најдобриот и најголемиот подиум, кога сите ве движи еден ист ритам и иста енергија. Тоа е музика, тоа е хармонијата која ви дава моќ да ги поминете границите, да стигнете чекор подалеку, да им се спротивставите на бариерите. Но дали некогаш сте се запрашале како е да се биде од другата страна, да се создаде звукот и како е да успееш да се вклопиш во огромна толпа на луѓе која од тебе го очекува најдоброто? Трема, страв или задоволство?


Џин меѓу џиновите, Емин Џијан го пренесува своето огромно искуство, кога е во прашања музиката, нејзиното создавање и водење. Тој вели дека музиката за него е најубава болка, најсветла и најтемна љубов, трема,страв, радост во исто време.Од првото запознавање со музиката па се до денес, љубовта на Емин кон музиката не бледее, туку станува се посилна и помоќна.
Емин во музичките води запловил на свои 11 години, како поддршка на својот татко, а денес тој е еден од ретките македонци кој застана пред светската публика.

Едностaвно, Емин е мултиталент во музиката кој свири, диригира и компонира. За него музиката е предизвик, а големото познавање на различни жанрови му овозможи да го спои неспоивото, да го скроти нескротливото и да создава хармонија на звук која ги освои буквално сите.
Во една прилика изјави дека за него музиката е предизвик.

Можеби затоа тој успеал да ги помести границите, застанувајќи на подиум како  диригент и работејќи на проекти кои  спојуваат различни жанрови, кои на крај се потврдија како одлична комбинација.

Звукот на музиката го чувствува низ своите прсти, а ритамот го гледа во движењето на публиката. Оваа лето најголемиот џин Емин Џијан ви советува да го поминете со што повеќе музика, онаква каква што вие сакате.

Човекот кој го почуствувал струењето на ритамот низ милиони луѓе и оваа лето со најдобар џиновски совет за вас - обликувајте го вашиот карактер, слушајте ја музиката која ја сакате и запознајте го непознатото во Neuland зоната.

Toa што зборовите неможат, може музиката.  И ова лето најдете го најдоброто место на подиумот, ослободете го вашиот карактер и уживајте во хармониченритам.

Објавено во музика | 27.07.2017 - 11:49
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Некои луѓе никогаш не полудуваат. Колку ли им се ужасни животите. „

Чарлс Буковски