Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

ЕГЗИТ Лето на љубовта со нов бран хедлајнери за Си Стар и Си Денс фестивалите

Првото големо ЕГЗИТ Лето на љубовта доби нови хедлајнерски засилувања за своите, дури два фестивали на Јадранско Море, Си Стар (Sea Star) во Умаг, кој ќе се одржи на 26-ти и 27-ми мај, како и четвртиот по ред Си Денс (Sea Dance) на плажата Јаз во Будва кој е закажан од 13-ти до 15-ти јули!

Кон фестивалското цунами на кое со ЕГЗИТ до хрватскиот брег стигнаа и Продиџи, Дубиоза Колектив и Урбан & 4 сега се придружува и нов, уште поголем бран изведувачи кој го предводат владетелите на светската електронска сцена и најбараните регионални херои. Добитникот на Греми, три БРИТ и дури 10 Ем-ти-ви награди, легендарниот шоумен Фетбој Слим (Fatboy Slim) се враќа на Умаг по точно седум години од антологискиот настап во Стела Марис, на кој допатуваа луѓе од целиот регион! Ова ќе биде увертира во овогодишната официјална прослава на 15 години од неговиот настап на плажата во Брајтон, каде што на 14-ти јули 2002 година настапи пред рекордни 250.000 луѓе! Хедлајнерската линија ќе ја прошири и лидерот на германската електронска сцена Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner), познат по стадионските спектакли и неодамнешниот историски настап пред Бранденбуршката капија пред половина милион луѓе! На првиот во низата фестивали на ЕГЗИТ Летото на љубовта 2017, на Си Стар во Умаг, стигнува и прославениот дабстеп-рок состав Модстеп (Modestep) кој за прв пат на овие простори ќе настапи во полно „лајв“ издание, а фуриозниот квартет од нови хедлајнери во Истра ќе го заокружи и славниот австралиски бејс-рок бенд Пендулум (Pendulum) во специјално диџеј издание со кое ги приреди едни од најголемите журки во историјата на ЕГЗИТ! Познати се и првите потврдени изведувачи од групата најбарани во регионот, а во таа листа се Елементал, Бед Копи, Бркови, Артан Лили, Џонатан, Хај5 & Кукус, Киша Метака, Кранкшвестер, Матер и Сассја!
 
Нов бран морски ѕвезди на првиот Си Стар фестивал:https://youtu.be/1M_iP0JCPMY


 
Англиската соул ѕвезда и еден од најбараните музичари на денешницата Џон Њуман (John Newman), ќе настапи во четврток 13-ти јули на плажата Јаз и ќе приреди незаборавен концерт за отворањето на овогодишниот Си Денс фестивал! Ако судиме по настапот на Егзит, кога буквално распамети 30.000 фанови на главната бина и до зори се забавуваше со публиката на Денс Арена, на Јаз уште првата вечер нѐ очекува спектакл! Сопственикот на дури три Бр. 1 синглови, Њуман ја воодушеви музичката индустрија пеејќи ги планетарните хитови „Feel the Love“ и „Not Giving In“ на групата Рудиментал, како и „Love Me Again“ и „Cheating“ од хит албумот „Tribute“ со кои стигна на самиот врв на британската листа и тоа пред големиот Пол Макартни, по што стана редовен гостин на најголемите фестивали како што се Гластонбери, Ајл оф Вајт, Коачела и секако ЕГЗИТ! Низата успеси ја продолжи со албумот „Revolve“ и хитот „Come and Get It“, а по планетарниот мегахит „Blame“ од 2015 година, Њуман музичката умешност повторно ја вкрсти со светската диџеј ѕвезда Калвин Харис. Заедничкиот хит „Ole“, за кој бројни светски медиуми утврдија и дека е одговор на Харис за раскинувањето на врската со Тејлор Свифт, ја одбележа минатата зима! Њуман е вториот потврден хедлајнер на фестивалот, по неодамнешното одекнување на веста дека на Јаз доаѓа и суперѕвездата Шон Пол! Вистинската увертира во големата журка на плажата ќе ја приреди хип-хоп триото Бед Копи, како и домаќините на Си Денс фестивалот, которскиот тандем Ху Си!
 
Џон Њуман ќе го отвори Си Денс со концертен спектакл:https://youtu.be/qD5Fq2HJfcc


 
Во продажба се влезниците за големото ЕГЗИТ Лето на љубовта 2017!
ЕГЗИТ тимот годинава поврзува дури четири фестивали во регионот во единственото ЕГЗИТ Лето на љубовта 2017. Прв во низата е Си Стар, кој на 26-ти и 27-ми мај ќе се одржи во градот Умаг, следен е Револушн фестивалот во Темишвар на 2-ри и 3-ти јуни, а веднаш по ЕГЗИТ фестивал, од 6-ти до 9-ти јули, следува четвртото издание на Си Денс фестивал од 13-ти до 15-ти јули! Повеќе информации за поединечните влезници за „Си Стар“ и „Си Денс“ фестивалите, како и за пакет влезниците за „ЕГЗИТ Лето на љубовта“ (EXIT+Sea Dance+Sea Star) се достапни на www.exitfest.org.
 
Си Стар нуди и два вида камп сместувања, Премиум и Премиум Плус, и двата со 4 ѕвездички, со приклучок за струја, питка вода, тушеви, тоалети и сето тоа на само 100 метри од фестивалот и морето! Кампот ќе биде во функција од 24-ти до 29-ти мај. Посетителите можат да резервираат сместување и во хотелите Сол Аурора и Сол Умаг, Мелиа Истриан вилите, како и Сол Амфора, Сол Стела и Сол Каторо и Полинезија апартманите. Сите тие се во окружување од 100 метри до најмногу 1 километар од фестивалот, што Си Стар фестивалот го прави единствен на хрватскиот брег. Кампот на Си Денс фестивалот пак, кој е сместен на плажата Јаз, непосредно покрај фестивалот и на педесетина метри од морето, ќе биде отворен од 11-ти до 17-ти јули. За Си Денс и Си Стар фестивалите достапни се и пакетите кои опфаќаат влезница и сместување, веќе од 49 евра. Повеќе информации за пакетите се достапни на сајтот www.exittrip.org.

Објавено во музика | 17.02.2017 - 16:56
Тагови:

Лајкнете не на Facebook