Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Exit Festival - музиката ќе не обедини

Секое идење на фестивал повторно и повторно ми прави да се чувствувам ко дете. Неколкудневно бегање од реалноста, ширење на позитивна енергија, љубов на сите страни, и дури светот е совршен се пронаоѓаш во секоја песна што ја пеат артистите - и тажна и весела, и сериозна и лимунада, и петнаесминутна и тралалајка со три акорди.

Егзит е приказна за тоа како од бунт против еден режим се прави бренд кој што допринесува за туризмот, приливот на девизи и позитивниот рејтинг на твојата држава. И покрај тоа што во последните години владее мнение дека Егзит е секоја година се послаб и послаб, дека има се послаби хедлајнери, годинава Егзит достигна рекорд во посетеност: Во саботата вечер кога главен хедлајнер беше Ману Чао, на тврдината беа регистрирани 55.000 луѓе. Ману Чао не му е непознат на Балканов. Само во Скопје бил 3 пати, следниов викенд ќе му биде четврти пат во Македонија вкупно. Во Србија појма немам колку пати бил до сега, ама сигурно е повеќе од еднаш. Не беше Петроварадинската тврдина најполна до сега бидејќи имаше атрактивен хедлајнер.

Годинава, за жал, успеав да отидам на само 2 од 4 вечери на Егзит. Меѓутоа се осеќам како да сум била цела недела таму. Или јас го претерав, или се журкав со истиот интензитет ко порано само телово веќе не го поднесува тоа толку добро како порано - не знам. Како и да е - одењето во 7 сабајле накај камп додека оставаш преполна тврдина зад себе е едноставно предобро. Зглобовите ти откажуваат, табаните не ги осеќаш, гладен си како куче, се ти е матно, а во глава само правиш планови за наредната вечер и пееш мешап од 7 рефрени од артистите што си ги слушал вечерта.

Ману Чао направи феноменален двочасовен концерт. И би го гледала сто пати да имам шанса. Антиглобалист кој што поддржува секаков активизам и политички движења што се против репресија, угнетување, капитализам, западниот корпоративен свет, конзумеризам и генерално се што не е во ред со денешниот свет. 55.000 илјади луѓе во хор пееа песна против монсанто. Ej!

Вечерта имав уште еден омилен дел од секој Егзит - откривање нови бендови. FEUD се некој метал-рап состав за кој што немав слушнато претходно, продолжение на Sunshine откако се распаднале. Ако бенд што не го знаеш звучи одлично на сцена и те плени, мора да е добар.

Последната вечер хедлајнери беа Faithless. Песме моје младости. МНТ јуниор парти. Insomnia. Се осеќав повторно како тинејџер. Некој тогаш да ми кажеше дека гоооодини години подоцна ќе го гледам тој бенд во живо… Не можам да дадам објективен осврт на тој настап. Мене едноставно ми беше предобро. Тотално одлепив. Саат и пол бев во друга димензија. Можеби настапот беше навистина толку добар. Можеби само јас бев носталгична за безгрижната младост. Не знам. Други нека кажат. Јас тотално одлепив.

И додека се уште средував импресии од Faithless, почна да свири Rambо Amadeus на Fusion Stage. Рамбо како Рамбо, увертира со долг монолог во кој Рамбо ја прашува публиката дали навистина денес жените таму доле немале влакна. И дур публиката пееше на глас: Боље 4 вруча пива…., Рамбо помалку нервозен: ОНО ПИЧКЕ НЕ ЧУЈЕМ БАШ, НЕМОЈТЕ СЕ ЦЕНЗУРИРАТИ! А кога настапи делот во кој Рамбо изведува турбофолк џез трип хоп хепи хард кор виртуозности, едни двајца младичи стационирани недалеку од нас: Ти реков? Ти реков ли!?!?!?!?! Ти реков ли дека е музика за ненормални! Ај на денс стејџ.

Тоа е. Техното ќе не победи. Те једно те исто. Ама ако. Нека победи. Се дур не не победуваат звезде гранда океј е. Fusion stage-от го затворија Хладно Пиво. Велат: Никогаш не сме почнале концерт со добро утро. Сме завршиле со доброутро, но никогаш не сме го почнале. Еве ме трети ден како дење ноќе пеам: Ова пјесма о теби која си ми све на свјееееееееееееету... Прекрасноста на постфестивалска и постконцертна еуфорија. Жив трезен, а се осеќаш попијан од кога било.

Одете по концерти, одете по фестивали, искусете ја бар еднаш во животот таа концентрација на позитивна енергија. И поддржувајте ја домашната музичка сцена, домашните фестивали, домашните концерти. Егзит почна како протест против еден режим. Видете до каде дотурка. The sky's the limit.

Музиката ќе не обедини дечки. Музиката ќе не обедини.

I need it to be a little loudeeeeeeer

So you can tell all of your politiciaaaaaaaaans….. 

WE COME ONE!!!!

@Јована Тозија

Фото: ExitTeam

Нашата галерија тука

 

Објавено во музика | 16.07.2015 - 11:25
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Црна мачка што ти го пресекува патот значи дека животното оди некаде. „

Гручо Маркс