Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

GIPSY KINGS со новогодишен Greatest hits концерт во Скопје!

Со задоволство ве информираме дека е познато финалното шоу на Авалон Продукција за историски успешната концертна 2017 година во Македонија.

На 22 декември како второ издание на АLL YOU NEED IS LOVE евентот, новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски атракции GIPSY KINGS. Актуелната формација на бендот, предводена од Paco & Mickael Baliardo доаѓаат во Скопје со Greatest hits сет, директно да влијаат на предновогодишната атмосфера во Скопје.

Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, GIPSY KINGS станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови.

Во текот на речиси три децениската кариера, GIPSY KINGS имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Manitas de Plata, чие вистинско име е Ricardo Baliardo, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња.

После шест номинации за Греми наградите, GIPSY KINGS во 2014 година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов „Savor flamenco“. Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат објавени вечерва.

Објавено во музика | 26.10.2017 - 11:54
Тагови:

Лајкнете не на Facebook