Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Големо отворање на SKOPJE CALLING 2017

Авалон продукција ја отвара сезоната со еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија.
Thievery Corporation доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017.

Авалон Продукција како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш настојува да ги задоволи апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Се разбира, заедно со личните апетити и музички вкусови на продукцијата. Така и овој пат се одлучивме за бенд којшто е маестрален во живо и можеби единствениот во светот кој со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика.

Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на 20-ти јуни на Скопското Кале со почеток од 21 часот.

Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.

Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје може да очекува вистински спектакл!

Објавено во музика | 12.05.2017 - 12:01
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Госпоѓице, јас можеби сум пијан, но наредното утро ќе бидам трезен, а Вие се уште ќе бидете грда. „

Винстон Черчил