Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Каролина специјална гостинка на концертот на Дуке Бојаџиев во „Карнеги хол“

Најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева, по покана од македонскиот композитор и пијанист со светско реноме Дуке Бојаџиев, ќе биде специјална гостинка на неговиот концерт заедно со камерниот оркестар на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 8-ми октомври во една од најпрестижните концертни сали во светот, „Карнеги хол“ во Њујорк. 

На концертот во овој музички центар каде настапуваат едни од најврвните репродуктивни уметници од целиот свет, премиерно пред американската публика ќе прозвучи најновата песна на Каролина со наслов „Зборови немам“, каде комплетен автор е токму Дуке Бојаџиев.

Песната „Зборови немам“ е снимена и продуцирана во музичкото студио „Гаеа“ во Њујорк, а вокалот на Каролина е снимен во студиото „Марифет“ во Скопје.

Најновата песна на Каролина и Дуке доживеа македонска премиера минатиот месец и наиде на големо воодушевување кај домашната јавност. 

Објавено во музика | 05.10.2015 - 13:19
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Зад секој успешен маж стои жена што превртува со очите. „

Џим Кери