Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Најпосакуваниот светски диџеј и продуцент HARDWELL премиерно на EXIT фестивал!

Глобалната суперѕвезда „Хардвел“ (HARDWELL) за прв пат ќе настапи на „Егзит“ Фестивал во петок, 10. јули во рамки на големата светска турнеја на која го промовира новиот албум „United We Are“. Високотиражниот хитмејкер од Холандија веќе втора година по ред го држи апсолутното прво место на Топ 100 светската диџеј ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака! Директните преноси од спектакуларните настапи во живо со кои „Хардвел“ едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видео блогот на сајтот „Јутјуб“ вкупно имаат повеќе од милијарда прегледувања! Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна ширум светската музичка индустрија. Само во неколкуте последни месеци, неговите продуцентски вештини ги обезбедија и најголемите глобални ѕвезди како што се Ријана (Rihanna), „Колдплеј“ (Coldplay), Ели Гулдинг (Ellie Goulding) и „30 Секундс Ту Марс“ (30 Seconds To Mars). Покрај популарните ремикси, најголемиот успех на „Хардвел“ му го донесоа неговите хит синглови „Spaceman“, „Countdown“, „Jumper“, „Apollo“ и бројни други. Пред половина година излезе и актуелниот албум „United We Are“ со хит сингловите „Arcadia“, „Young Again“ и тукушто објавениот спот за песната „Sally“.

I am Hardwell – The Documentary Trailer: 

Роберт ван де Корпут (Robbert van de Corput) уште на возраст од само четири години почнува со часови по клавир, за веќе на 11 години јасно да поска да стане диџеј. Со неверојатни само 13 години ја објавува својата прва плоча, а на музиката на овој вундеркинд од холандскиот град Бреда, за време на наредните неколку години танцува публката во најдобрите клубови во земјата. За време на едно од гостувањата на телевизија на 16 години, на прашање од водителот, „Хардвел“ одговара дека негов сон е да стане најдобар светски диџеј. На светската диџеј ранг листа дебитира во 2011. година на 24. место, за само една година подоцна да стигне на 6. место, а веќе на 25 години неговата тинејџерска желба станува реалност и две години по ред „Хардвел“ е и официјално најбараниот светски диџеј и продуцент!

Она што најмногу го издвојува „Хардвел“ како феномен на современата музичка сцена се настапите чии преноси ја достигнуваат повеќемилионската гледаност типична за големите спортски случувања. За време на еден од нив, дури 20% од сообраќајот на „Твитер“ се одвиваше со неговото име како тренд ширум сите делови од планетата, додека на крајот оваа социјална мрежа и привремено се изгасна од оптеретувањето! Токму еден од таквите настапи, со голема взаемна желба, и на врвот од својата популарност, „Хардвел“ ќе има во Нови Сад, на единствената во светот „Денс Арена“, придружуван од фановите кои веќе две години го издвојуваат како најбараниот диџеј во анкетите на „Егзит“.

Влезниците за „Егзит“ фестивал сè уште се продаваат по промотивните цени од 3.599 денари, додека единствената влезница за повеќе од десет дена на „Егзит“ Авантурата од Петроварадин до Јаз во Будва, можете да ја набавите за само 4.299 денари преку мрежата на Мктикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). За сите кои сакаат покрај влезницата, на време да го осигураат и сместувањето на двата фестивала, комплетните пакети можат да ги најдат на сајтотwww.exittrip.org, официјалната туристичка агенција на „Егзит“.

Објавено во музика | 30.01.2015 - 15:25
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Коа купуваш Full HD телевизор, пушти го Гоце Арнаудов прво за да видеш дали се гледат сите 5 милиони бои на кошулата. „

@superextrabonus