Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Распади на бендови што нè потресоа сите

Деновиве некој копиљ од копиљачки бенд решил да си оди за да има нормален живот, и копиљките низ цел свет полудеа од плачење. По тој повод, Мешбл состави листа од неколку бендови чие распаѓање нè допре сите, од Квин и Битлси, до Спајс Грлс и Бекстрит Бојс.

Backstreet Boys

Кевин Ричардсон и неговата тетрапак вилица ја напуштија групата во 2006-та година за да се пронајдат во друго професионално поле. По неколку специјални настапи со групата, повторно и се приклучи во 2012-та и се уште е член.

The Beatles

Иако официјално го напушти бендот во 1969-та година, Џон Ленон не дал официјална изјава за медиумите сè до 1970-та година кога Пол Макартни го објави својот соло албум.

'N Sync

Овој некогаш успешен бојбенд веќе беше во руини кога во 2002-ра година Џастин го издаде првиот соло албум. Во 2004-та тој официјално го напуштил бендот.

Spice Girls

Во 1998-ма година, Гери Халивел (Џинџер Спајс) објави дека го напушта бендот заради ненадминливи разлики. Кратко тераше соло кариера, а бендот евентуално изгуби популарност (како четворка) во 2000-та година.

Take That

Заради зависноста од дрога, Роби Вилијамс бил приморан да го напушти бендот во 1996-та година. Се вратил во 2010-та, но во 2014-та повторно си заминал по тригодишните несогласувања во групата.

Queen

Фреди Меркјури беше духот на Квин и легенда во музичката историја. По неговата трагична смрт во 1991-ва година, бендот продолжил да функционира со членовите Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон. 

Магија

Мал придонес и од домашниот простор. Ви текнува на македонските Бекстрит Бојс на чело со Јован Јованов? 

Објавено во музика | 26.03.2015 - 12:54
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Зад секој успешен маж стои жена што превртува со очите. „

Џим Кери