Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

TEENAGE RIOT концерт во хуманитарен поход!

Задоволство ни е да ве информираме дека група на ученици од Меѓународното училиште „НОВА“ ќе организираат хуманитарен концерт насловен „TEENAGE RIOT“, за помош на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“, кој ќе се одржи на 12 април, со почеток од 19 часот, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје. 

Хуманитарниот концерт е дел од проектот ЦКА- ПХВ (Црвен Крст во акција- Промоција на хумани вредности), кој се реализира во соработка со Меѓународното училиште „НОВА“.

На овој настан учество ќе земат и повеќе познати македонски бендови: АРЕА, PMG Кolektiv, MILLKO, FUNK SHUI, KHARA и LINKOLN LETTER.

Специјално изненадување на вечерта ќе биде настапот на корисниците од дневниот центар „Порака“ заедно со бендот FUNK SHUI.

Цената на еден билет ќе чини 250 денари, а собраните средства од влезниците ќе бидат донирани во Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Инаку, програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година e овозможена со поддршка на Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Оваа програма се реализира во соработка со учениците од Меѓународното училиште НОВА, коиреализираат повеќе проекти за помош на заедницата со цел да се помогне на одредени социјално загрозени или маргинализирани групи во општеството.

Објавено во музика | 15.03.2017 - 13:20
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Црна мачка што ти го пресекува патот значи дека животното оди некаде. „

Гручо Маркс