Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Пет причини зошто Берлин да биде вашата следна дестинација

Главниот град на Германија, покрај својата турбулентна историја, бројните споменици, знаменитости и прочуениот ноќен живот има да ви понуди едно незаборавно искуство за кое, верувајте нема да зажалите.

Главниот град на Германија, покрај својата турбулентна историја, бројните споменици, знаменитости и прочуениот ноќен живот има да ви понуди едно незаборавно искуство за кое, верувајте нема да зажалите.

1. Brandenburger Tor

Бранденбуршкатa Капија е една од најпосетуваните обележја на Германија и претставува икона на градот Берлин. За време на својата повеќе од 300-годишна историја, таа одигра многу различни улоги. Капијата претставуваше симбол за мир, војна, победа, терор и војна низ целиот свет, а од 1989 година се залага за повторно обединување на Германија.

2. Fernsehturm

Кулата е изградена во доцните 1960-ти години во тогашниот Источен Берлин. Со своите 368 метри, претставуав највисока структура во Германија. Уникатно место каде можете да ја доловите убавината преку прекрасниот поглед над Берлин, со јасна видливост до 42 километри.

3. Музеи

Огромниот број од дури повеќе од 200 музеи, меѓу кои ќе најдете некои од најважните лоцирани на едно место во "Museumsinsel”. Во музеите најчесто се прикажани важни историски артефакти од антиката, како што е познатата Иштарска врата на древниот Вавилон или бистата на египетската кралица Нефертити. Во Берлинскиот Музеј за природна историја ќе го видите најголемиот светски монтиран скелет од праисториските диносаурси. Еден од најпознатите е секако Еврејскиот музеј со спектакуларна градба дизајнирана од Даниел Либескинд.

4. Currywurst

Посетата на Берлин не би била комплетна без да пробате едно од највкусните и секако најпопуларната брза храна во Германија – Currywurst

5. East Side Gallery

По падот на Берлинскиот ѕид, симболот на поделбата на Европа во текот на Студената војна се претвори во уметничко дело и претставува најдолгата отворена галерија во светот. Со над 100 слики меѓу кој и познатиот бакнеж на Ерих Хонекер и Леонид Брежњев 

Авантуристи, доживејте ја убавината на Берлин за Новогодишната ноќ, а за супер Новогодишен провод по одлична цена ја одвојуваме супер понудата од InTravel.

Објавено во занимливости | 21.12.2017 - 13:23
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Секогаш запаметете дека сте апсолутно уникатни. Исто како и сите други „

Маргарет Мид