Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Small star empires - првата македонска друштвена игра

Small Star Empires” е првата оригинална македонска друштвена игра. Во оваа игра, играчите преставуваат различни цивилизации кои што ја колонизираат галаксијата со нивните бродови кои што ги поместуваат на модуларна мапа составена од хексагонални полиња (ѕвездени системи).

 Модуларната мапа се составува од 7 различни Сектори што овозможува секој пат да играте на мапа различна од претходниот пат. На секторите се наоѓаат Ѕвездени системи, во кои што има одреден број на планети и во зависност од бројот на планети, толку поени носи тој систем на крајот на играта.

Pixel.mk

 

Оваа игра е едноставна и брза за учење, но нуди многу стратешки избори што произлегуваат од едноставноста на играта и модуларноста на мапата. Најчесто, за да одиграте една игра потребно ви е околу 15 минути. 

„За мене беше голем креативен предизвик да ја дизајнирам играва како и да ги создадам графичките елементи и цртежот на кутијата“ - вели креаторот на играта, Милан Тасевски. „Досега ја презентирав играта пред многу луѓе вклучувајќи луѓе од Македонија како и посетители на најголемиот саем за друштвени игри во светот “Essen Spiel” во 2015. Можам искрено да кажам дека добивме многу позитивни критики и всушност на саемот, многу луѓе бараа да купат копија од играта! За жал, ние немавме копии за продавање бидејќи играта сеуште не е произведена, но затоа луѓето ќе имаат шанса да ја поддржат преку Kickstarter кампањата која ќе започне на 12-ти Март 2016.“

Small Star Empires е игра за 2-4 играчи, возраст 13+ и треба 15-20 минути да се одигра една партија. Во кутијата на играта има сектори, фигури за играчите и правилник. Ќе започне со продажба на онлајн платформата Kickstarter на 12-ти Март 2016, а ќе се одржи и настан на кој што ќе биде презентирана на истиот ден на лансирањето, со почеток од 18:00 во центарот за дизајн и иновации - Јавна Соба (Public Room) во Скопје. Играта ќе чини 2000 ден, со вклучена испорака. За повеќе информации, посетете не на www.archonagames.com.

 

За Archona Games

Archona Games е студио за друштвтени игри креирано од Милан Тасевски на почетокот на 2015. Започна како тим од еден човек но набрзо се прошири со уште двајца, Владимир Трајчевски и Иво Нешковиќ.

Како големи обожаватели на друштвените игри, тие се посветени да го шират зборот за друштвените игри и да ги посеат семињата на идни фанатици на овој жанр на забава. Владимир е сопственик и на единствената специјализирана продавница за друштвени игри во Македонија - Гоблин Друштвени Игри, а Иво е страстен играч кој што има искуство во индустријата за видео игри. Милан, покрај дизајнирањето на Small Star Empires како и други идни игри е сопственик и на порталот за друштвени игри - boardgames.mk каде што пишува на македонски со надеж дека ќе ја прошири културата и забавната страна на друштвените игри во земјава.

Преземено од G33K.mk

Објавено во занимливости | 10.03.2016 - 13:16
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Патувањето најдобро се мери во пријатели, а не милји  „

Тим Кахил