Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

„Окото на градот“ - изложба на Божидар Барлакоски

Изложбата „Окото на градот“, составена од 37 фотографии ќе биде изложена во вторник, 15 ноември, 2016 г. во „Јавна соба“ во Скопје, со почеток во 20 часот.

Божидар Барлакоски, роден 1984 година во Прилеп, активно работи со фотографија седум години и е член на Фото-кино клубот “Прилеп.

Добитник на повеќе од дваесет меѓународни награди за фотографија, меѓу кои и бронзен медал за фотожурнализам од Toronto Camera Club, PSA сребрен медал за фотографија во Кипар, Сребрен медал за фотографија во Украина, Гранд при – златен медал за колекција на фотографии на денови на македонската фотографија 2014 година , како и бројни признанија и дипломи, а своевремено една фотографија од Барлакоски е објавена на веб-страницата на National Geographic како избор на денот.

Учествувал како член на жири комисија на два меѓународни конкурси за фотографија и работи како фоторепортер.

Изложбата ќе биде поставена во Јавна соба и во наредните неколку дена и ќе биде од продажен карактер. „Окото на градот“ е првата самостојна изложба на фотографии што Барлакоски ја поставува во Скопје.

„Фотографиите се сублимат на неколкугодишно гледање на градот преку објективот и како тој нѐ гледа нас. Урбаната средина фатена низ фотографии од секојдневни моменти на животот кој врие на секој агол позади кулисите на градот. Окото на градот, од сите страни и за сите лица на градот“, вели Барлакоски за изборот на фотографии за изложбата.

Изборот на фотографии е достапен на следниот блог http://bit.ly/2fPgP0y

Објавено во култура | 15.11.2016 - 12:57
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Прво мора неколку пати да умреш, за навистина да живееш. „

Чарлс Буковски