Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Џабе е, мажите не слушаат

Просечниот маж издржува околу 6 минути женско брборење, ама во муабет со другарите, им го посветува целото внимание дури 15 минути.

Повеќе од половина од мажите признаваат дека имаат селективен слух, т.е. не знаат да слушаат. Ама муабетите со другарите не им се никаков проблем. Најпопуларните теми се вртат околу спорт, филмови и секс.

Истражување спроведено врз 2.000 луѓе откри уште некои занимливости, како на пример тоа дека жените, иако во глобала слушаат подолго и повнимателно, подолго издржуваат во муабетите со другарките отколку со партнерот.

За разлика од мажите, омилени теми на жените им се врските и машко-женските односи.

Мажите ги „игнорираат“ своите партнерки околу 4 пати неделно, некогаш и во моменти кога тоа не е баш најпаметниот потег.

Секој маж најверојатно ќе се исклучи од разговорот ако се зборува за некој што не го знаат или нешто што не го разбираат - како колеги од работа или нова мода. 

Подеднакво незаинтересирани ќе бидат ако темата е хороскоп или нешто што сопругата го видела на Фејсбук.

Повеќе од петтина од мажите признале дека додека зборуваат со партнерката на телефон, во исто време сурфаат а нет или гледаат натпревар.

Објавено во љубов и секс | 22.12.2014 - 09:28
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Секогаш запаметете дека сте апсолутно уникатни. Исто како и сите други „

Маргарет Мид