Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

25. Највлијателни ревии од 90-тите според „Вог“

Модната библија „Вог“ ја отвори новата рубрика на својот вебсајт Vogue Runway со овој легендарен избор.


Во 90-тите кога модните ревии се следеа со потполно внимание, без непрекинато чкрапање со мобилни телефони и инстаграмирање, кога колекциите стигнуваа до широките маси преку едиторијали во списанија и ТВ-прилози наместо преку едно кликнување на вашиот смартфон, дизајнерите создаваа колекции што засекогаш го сменија текот на модата. Уредничкиот тим на „Вог“ направи најтесен избор од 25 ревии од 90-тите што извршиле најголемо влијание врз модата, начинот на кој таа се перцепира како медиум, дефинирањето на поимот висока мода и доближувањето на модата до обичниот потрошувач.

1. Perry Ellis Spring 1993: The Grunge Collection
Поради оваа колекција Марк Џејкобс доби отказ од Perry Ellis. Оваа колекција беше темелот на неговата кариера.


2. Versace Fall 1991: Freedom!
На финалето на ревијата Џани Версаче ги пушти супермоделите Линда Евангелиста, Синти Крафорд, Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон да прошетаат рака под рака по пистата додека си ја потпевнуваат песната „Freedom!". Исто како во спотот за песната на Џорџ Мајкл што го режираше Дејвид Финчер.


3. Prada Spring 1996
Мјуча Прада го дефинираше изгледот „кул бубалица“ со колекцијата во која изобилуваа бои карактеристични за 70-тите како авокадо зелена и кремаво-кафеава. Имаше мешање на принтови и рачно цртани принтови што намерно беа ставени во контрапункт. Моделите одеа по пистата во гломазни сандали. Прада си ја изгради кариерата на овој принцип на спротивставување на конвенционалното.

Погледнете ја целата листа ТУКА.

Објавено во мода и убавина | 02.09.2015 - 10:34
Тагови:

Лајкнете не на Facebook