Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

„Алшар“ на #FWSK13: Строгиот бакнеж на јапонскиот црешов цвет

Силвија Михајловска која го потпишува брендот „Алшар“ прв пат се претстави на Модниот викенд Скопје.

Првата ревијална вечер на 13. Моден викенд Скопје ја заокружи ревијата на „Алшар“, бренд зад кој стои Силвија Михајловска, за колекцијата „Sakura (In)Fusion“ надополнета со рачно изработен накит на Елена Ристовска и поддржана од „Скопско цреша“.

Михајловска вели дека се инспирирала од еден „необичен и уникатен спој на пиво и цреша, каде белата флуидност и леснотија на пената се спојуваат со црвеното тело на пивото, а во исто време и од трансформацијата на белиот цвет на црешата во црвен плод – своевидна симболика на трансформација од невиност во сензуалност.“

Вкупно 26 главно монохроматските креации  (освен неколку исклучоци) во бела, црвена и црна боја, ја содржат колекцијата пролет-лето 2016, изработени од природни ткаенини со богата структура најмногу од брокат и чипка.

Pixel.mkPixel.mkPixel.mkPixel.mkPixel.mkPixel.mkPixel.mk

Неочекувана фузија на геометриски и прави линии во контрапункт на асиметричните акценти добива доволна доза на женственост преку артистичките рачно сликани детали на дел од креациите инспирирани од јапонскиот црешов цвет, отсликувајќи ја притоа долгогодишната работка на Михајловска како сликар во областа на модниот дизајн.

Силуетите се скулптурни и строги, а истовремено меки и носливи.

Креациите беа надополнети со впечатлива шминка и фризура како модерна интерпретација на јапонската традиција.

На првата ревијална вечер покрај „Алшар“ беа презентирани и новите колекции на македонските дизајнерки Олгица Ѓоргиева и Росица Мршиќ, а потоа следеше традиционалната забава под маски на која гостите се забавуваа на хитовите од 80-тите, во стилот на годинашното мото на FWSK „Да живеат осумдесеттите!“

Модниот викенд Скопје продолжува вечерва на истата локација, а за распоредот на настани може да се информирате тука.

Фото: Miladin Papovic Photography

Објавено во мода и убавина | 02.04.2016 - 14:01
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Запомни: секогаш биди свој. Освен ако не си ужас. „

Џос Ведон