Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Дизајнерката Еми Норис по втор пат изложува накит на Неделата на дизајн во Пекинг

Изложбата е во склоп на настаните во рамки на Пекиншката недела на дизајн а во организација на Пекиншкиот Институт за Модна технологија

Дизајнерката Емилија Дамјановиќ, позната по уметничкиот псевдоним Еми Норис, оваа година по втор пат ќе учествува на Интернационалното Биенале за накит во Пекинг, Кина од 16ти до 30 декември, 2015 година. Од страна на организаторот и жири комисијата која изврши избор на учесници на настанот, селектирани се две дела од дизајнерката. Тоа се две масивни огрлици: Едната од колекцијата  F key (F клуч), а другата специјално изработена за настанот.

„Кина е заинтересирана за светскиот дизајн. Освен што е една од економските водечки центри, Кина односно Пекинг тежнее да биде и културен центар, со организирање на содржајна Недела на дизајн и воедно обединување на светскиот дизајн на накит на едно место преку Биеналето за накит, со учество на над 300 дизајнери од околу 50 земји од целиот свет, како што беше и во 2013 година. Ќе видиме како ќе биде оваа. Се работи за голем настан, амбициозен проект и навистина голема интернационална публика, и заради тоа е и огромна сатисфакција што мојот дизајн влезе во изборот и ќе биде дел од таа изложба. За овој вид на претставувања на македонскиот дизајн, а и воопшто, државата треба да има стратегија во вид на информации како и финансиска поддршка, заради отворање на креативниот потенцијал и собирање на нови искуства кои се неопходни во творечкиот развој на еден креативец“, изјави Дамјановиќ за Пиксел.мк

Материјалите од кои се изработени парчињата се комбинирани: плексиглас,огледален алкубонд,врвки за обувки, текстил, метал. Накитот е костимски. Изложбата е од интернационален карактер со учество на над 300 дизајнери од околу 50 земји од целиот свет.  Изложбата ќе се одржи во Паркот на иновации на Институтот за модна технологија во Пекинг, на тема Jewelry- Boundless (Накит - Безграничен). Самиот настан е конципиран да прикаже како различни култури взаемно се разменуваат, интегрираат па дури и судруваат и на тој начин промовираат развој на творечка разновидност во дизајнот на накит, а воедно  обезбедуваат платформа за интеракција на различни уметнички дизајнерски концепти. Дизајнерката, која по дипломирањето на Факултетот за музичка уметност има завршено едногодишна обука по моден дизајн кај етаблираниот дизајнер Никола Ефтимов, по втор пат се претставува на овој престижен настан. Прв пат изложуваше во Пекинг во 2013 година. Нејзините колекции беа изложени на Неделата на дизајн во Скопје, во Софија, на Миксер фестивалот за дизајн во Белград, Дизајн фестивалот Дан Д – Загреб, на Модниот викенд Скопје и на самостојна изложба во дизајн кафулето Концепт 37 во април, 2014 г.

Објавено во мода и убавина | 14.12.2015 - 10:59
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Патувањето најдобро се мери во пријатели, а не милји  „

Тим Кахил