Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Домашните и бугарските текстилни компании на ревии во Штип

Пет македонски и шест бугарски текстилни компании ги презентираа своите производи вчеравечер во галеријата „Безистен“ во Штип во организација на македонскиот Текстилен кластер во соработка со Моден викенд Скопје.

Станува збор за домашните компании „Астибо фешн груп“, „Амор-компани“, „Ист комерц- Санда“, „Кули“ и „Ларс“, и бугарските: „Бода стајл“, „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс 2“ и „Валена“.

Пред ревиите публиката имаше можност да го види видео спотот „Одберете креативна професија! Бидете и вие дел од текстилната индустрија“ кој го изработи Текстилниот кластер со кој сакаат на новите генерации да им ги покажат перспективните страни на текстилната индустрија и потенцијалите за кариера во истата.

Настанот е во рамките на пограничниот проект ‘‘Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ кој Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија.

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИНТЕРЕГ ИПА програмата за Погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија во соработка со „Моден викенд Скопје“, модната агенција „Подиум“, со поддршка од „Дом на млади – Штип“, винарија „Тиквеш“, „Музеј на град Штип“ и „Хотел Оаза – Штип“.

Објавено во мода и убавина | 06.11.2017 - 11:04
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Секогаш запаметете дека сте апсолутно уникатни. Исто како и сите други „

Маргарет Мид