Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Екстравагантната жена на Игор Марков го отвори ревијалниот дел на FWSK

Со деби колекцијата Prêt-à-porter féminin de luxe за 2016 година Марков за прв пат се претстави пред модната публика.

Музејот на град Скопје вчера заблеска со ревијата на младиот дизајнер Игор Марков кој го отвори ревијалниот дел на 12. Моден викенд Скопје. Публиката нетрпеливо го чекаше почетокот на ревијата што следеше со значително доцнење, но затоа имаше што да види кога на пистата продефилира првата креација од колекцијата Prêt-à-porter féminin de luxe“ за 2016 година. Преку 23 уникатни креации Марков ја претстави неговата замисла за самоуверената, гламурозна жена која е свесна за својот сексапил и без инхибиции блеснува со својата појава и став. Светкавите мини коктел фустани со длабоки деколтеа и женствените костими со несекојдневни отвори на грбот инспирирани од моделот на класичното смокинг сако, како и корсетите со смели решенија изнудуваа воздишки. Високите шлицови и длабоките деколтеа беа смело избалансирани со волуменозни кроеви, давајќи им дополнителна доза екстравагантност на креациите. Сензуалноста е главен адут на креациите на Марков кој не само што прикажа концептуално заокружена приказна, туку и беспрекорност во изработката. Високо кренатите волуменозни пунџи за кои се погрижи тимот на студио „Леонтиќ“ совршено го заокружија изгледот на манекенките на пистата.

„Ми се допадна првата ревија на Игор Марков. Се разбира не се, бидејки секој си има свои фаворити од преставените парчиња облека. Мене лично најмногу ми се допаднаа горните делови, палтата и елеците со нивната интересна кројка и дизајн, заедно со нивните впечатливи додатоци како копчињата и парчињата во драпер стил кои ги надополнуваа. За поздравување беа и шминката и фризурата на моделите. После долго време кај нас еден моден креатор посветил многу внимание на нив. Единствена замерка имам на изборот на чевли, сметам дека една колекција е целосна кога се посветува внимание на целокупниот изглед, од облеката до модните додатоци и чевлите. Се надевам дека во иднина ќе излезат уште многу смели и интересни колекции од Игор. Вакви млади дизајнери се поттик за сите останати дизајнери да имаат храброст и да не се откажуваат да направат сопствена колекција и да ја претстават на Модната недела кај нас“, се впечатоците на модната блогерка Емилија Вучиновска (Urban Vibe by Miss E) по ревијата.

„Прекрасно, браво за Игор, го знам од малечок и баш ми е мило што го направи овој чекор“, изјави дизајнерката и стилистка Јелкица Поповска за Пиксел.мк. На прашањето дали ги исполнил нејзините очекувања,со оглед на тоа дека неговата првична вокација е архитектурата, а потоа учеше моден дизајн од познатиот моделар и дизјанер Изет Цури, таа рече: „Да, потполно во негов стил. Убаво го усовршил и модниот дизајн. Многу сум горда на него.“

Вечерва Моден викенд Скопје се враќа во Музејот на Македонија каде ќе се одржат ревиите на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска и Венера Мустафа (Р.Косово) која за прв пат ќе се претстави пред македонската публика. Сите посетители на Моден викенд Скопје меѓу ревиите ќе можат да го посетат „Lotus Cozy Cinema“ во Музејот , каде ќе бидат прикажани кратки филмови на македонски режисери . Филмовите се поддржани од Агенција за Филм на РМ.

Фото: Miladin Papovic Photography

Објавено во мода и убавина | 23.10.2015 - 17:20
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Црна мачка што ти го пресекува патот значи дека животното оди некаде. „

Гручо Маркс