Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Фанки мода со Еми Норис и FashionLab DNA

Дизајнерката на накит Еми Норис ја промовира новата колекција преку едиторијал со модниот блог FashionLab DNA.

 

Новата колекција фанки накит Crossover ќе биде изложена на саемот за современа уметност и дизајн Паратисима во Младинскиот Култрен Центар на 12, 13 и 14 јуни, 2015, а потоа накитот ќе биде изложен и во Концепт 37. Ова ќе биде второ претставување на Еми Норис на овој саем.

Едиторијалот за колекцијата е направен во соработка со Даниела Ѓуровска и Александра Трпеска од модниот блог FashionLab DNA.

Колекцијата е наменета за бунтовните, урбани девојки и жени кои не се плашат да бидат свои и да ги поместуваат границите .

Инспирирана е од обувките и врвките како симбол на постојано движење, патување, акција и желба за промени.

Преку оваа колекција дизајнерката го поставува прашањето: Кога аксесоарот (модниот додаток) престанува да биде додаток и ја превзема водечката улога во модниот израз? Оттука и насловот на колекцијата Crossover или Премостување, во смисол премостување на модниот додаток во друга модна категорија и има за цел поместување на границите на накитот како моден додаток.

Се состои од 25 рачно изработени парчиња накит : ѓердани, двојни ѓердани, алки, обетки и сетови. Материјалите од кои е изработена колекцијата се комбинирани, а доминираат врвките за чевли и тоа во најразлични бои и комбинации.

 

Објавено во мода и убавина | 01.06.2015 - 16:58
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Запомни: секогаш биди свој. Освен ако не си ужас. „

Џос Ведон