Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

#FWSK13 Втор ден: Интерпретации на традицијата на писта, бидермаери во публика

Втората ревијална вечер на Моден викенд Скопје беше микс на млади идни дизајнери, домашни и странски модни имиња.

Со претставување на книгата „Моите стории - мојот живот“ на модната новинарка Снежана Богдановска пред медиумите почна втората вечер од 13. Моден викенд Скопје. Богдановска се обрати на присутните со краток осврт на тоа што за неа значи објавувањето на дихотомната колекција на интервјуа и колумни, а дизајнерот Никола Ефтимов зборуваше за општествениот и културолошкиот котекст во кој влегува ова издание.

Студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Република Македонија се претставија со креации на тема „Шари и текстури“. Идејата дојде преку актуелните тенденции кои се значајни во однос на дизајнот на текстил каде во сите временски сезони се актуелни и модерни. Уникатноста на моделите на студентите освен во кројната база и моделирање, автентичноста ја акцентираат и со апликација на дизајниран материјал кој како основа е создаден со различни техники на везење, сликање, дигитален печат и многу други техники. Значајно е да се напомене дека Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет Република Македонија годинава слави десет години од неговото постоење.

Со оваа студентска ревија насловена како „Шари и Текстури“ потсетуваме на професионалноста на факултетот заедно со целосниот наставен кадар и креативноста на сите нивни студенти во целото нивно постоење во сегментот на приватното образование. Од студентите кои се претставија ги издвојуваме Ивана Николова, Веранда Халил, Моника Ангелевска и Саранда Садику кои покажаа исклучителна креативност во идејните решенија и квалитет во изработката.

Pixel.mkPixel.mkPixel.mk

Македонскиот моден бренд „Линеа“ се претстави со колекција за сезоната пролет/лето 2016 која содржи пет различни теми: City lights, Bubble Trouble, Golden Fever, Summer Mood и Denim Flowers. Сите креации се со различни принтови и претежно пастелни бои. Моделите се достапни во салоните во Скопје, Кавадарци и Штип.

Српската дизајнерка Тијана Младеновиќ се претстави со современата ready-to-wear колекција Shinagami што го надминува сезонскиот моден модел, вклопувајќи ја мрачната нота на јапонската митологија и духот на Смртта. Колекцијата од десет модели се состои главно од темни тонови и палетата на бои се движи околу црните и сивите нијанси. Кроевите и формите се инспирирани од јапонското кимоно и панталоните monpre што им даваат чувство на волуменозност на креациите.

Pixel.mkPixel.mk

Флора Елези која ја потпишува етикетата „ Elezi Paris“ а најновата колекција се состои од лични чекори и го поврзува Париз со Балканот. „Изворот на инспирацијата се појавува од женската сила бидејќи секоја жена се соочува со широк спектар на дизајнирани модели и на тој начин ја претставува својата личност“, вели Елези која живее во Париз и за прв пат се претстави на Моден викенд Скопје. Специфичниот начин на презентација во кој моделите на пистата фрлаа невестински бидермаери во публиката придонесе нејзиното претставување на Модниот викенд да остане запаметено не само по дизајнерскиот израз, туку и по несекојдневното анимирање на гледачите.

Pixel.mkPixel.mkPixel.mk

Втората ревијална вечер ја заокружи ревијата на Ирина Тошева за колекцијата пролет-лето 2016 насловена „Риза“, за која деталниот преглед може да го прочитате тука.

Фото: Miladin Papovic Photography/Ani&Dimi

Објавено во мода и убавина | 04.04.2016 - 13:35
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Госпоѓице, јас можеби сум пијан, но наредното утро ќе бидам трезен, а Вие се уште ќе бидете грда. „

Винстон Черчил