Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Инспирација за улична мода и убавина

Модните ревии во Њујорк, Лондон, Париз и Милан нè усмеруваат кон трендови кој сите ќе нè инспирираат за годината што нè очекува. Сепак, косата и шминката се тоа што паѓа прво во очи. Манекенките од модните писти излегоа на улица со истата фризура и шминка од ревиите.

Париз 

Мазнa и елегантно средена коса, во мала пунџа зад ушите со дебели сребрени алки никогаш нема да излезе од тренд.

Њујорк

Очила што одговараат со карминот и фустан кој елегантно го исцртува телото секако, во иста боја со очилата.

Париз

Панкерските пунџи прават совршен спортски изглед. Размислувајте спортски, облекувајте се со стил.

Њујорк

Широки фармерки, црн блузон  и права коса со кратки шишки.

Париз

Сè што треба да кажеме е: четкајте ги вашите веѓи!

Лондон

Ако сте родени со природни кадрици, вие имате вроден  стил! Само пуштете ги и тие ќе го најдат својот пат.

Лондон

Нема ништо по кул од лабаво прибрана коса во репче и кожа која сјае.

Париз

Потрошивме време додека го искомбинираме стегачот за коса со облеката. Но веќе нема потреба од тоа. Црвен стегач за монотоните бои.

Париз

Кога класичното го комбинираме со секојдневното.

 

Париз

Дебела линија над очите и малечки пунџички.

 Лондон

Свежа, совршена кожа и природна коса. Инспирација за да ја истакнете природната убавина.

Милано

Можеби ќе ве чешка малку, но бидете ноншалантни и шик.

Париз

Ако се осмелувате да носите темен кармин, носете го вака!

Њујорк

Еве нешто поинакво од совршена шминка. Несовршена шминка.

Милано

Долги обетки, мало репче во пунџа и црвен кармин, со овој изглед можете да поминете апсолутно секаде.

Објавено во мода и убавина | 26.10.2016 - 11:23
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Коа купуваш Full HD телевизор, пушти го Гоце Арнаудов прво за да видеш дали се гледат сите 5 милиони бои на кошулата. „

@superextrabonus