Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Ирина Тошева ќе биде куратор за мода на Паратисима

Познатата македонска дизајнерка ќе даде придонес во својата сфера на Интернационалниот саем на современа уметност Паратисима - Скопје.


Интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје објави отворен повик за учество на своето трето издание што трае до 30 април.

Повикот е отворен за визуелни уметници, архитекти, фотографи, дизајнери, моден дизајнери, режисери, како и перформанс и мултимедијални уметници кои би ги претставиле своите дела на поширока публика.

Паратисима е платформа на која академски уметници, емергентни автори и работници во полето на креативноста би имале прилика да ги трансформираат конвенционалните граници во изразот и уметничкото дело.

Познатата македонска модна дизајнерка Ирина Тошева ќе биде куратор на делот за мода на престојното издание што ќе се одржи од 10-12 јуни во Младинскиот културен центар, Скопје.

„Можноста создадените дела да бидат видени од што поширока публика е голем плус за секој креативец. Особено кога не е само на локално ниво. Секое претставување на настан како Паратисима овозможува и да се види до каде сме, на што треба повеќе да се работи, а и да се добијат многу инспирации и кураж за нови дела. Покрај уште едно искуство во сечие портфолио, тука е и можноста за учество на „Паратисима“ во Торино и дружење и запознавање луѓе од целиот свет. Ги охрабрувам сите студенти, креативци, колеги да учествуваат“, вели Тошева.

„Се радувам на поканата од организаторите да бидам куратор за делот мода. Ова е нов предизвик и за мене. Ветувам убаво искуство и супер дружење. Пријави се!“

Тошева ја претстави нејзината најнова колекција „Риза“ за сезоната пролет-лето 2016 на 13. Моден викенд Скопје, а една недела подоцна колекцијата ја виде и публиката на Prishtina Fashion Night во Косово.

Објавено во мода и убавина | 20.04.2016 - 12:02
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Патувањето најдобро се мери во пријатели, а не милји  „

Тим Кахил