Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Ива Спасовска ќе се претстави со женствена колекција „Осмели се да блеснеш“

Дизајнерката Ива Спасовска ќе сподели 30 креации што ги одликуваат раскош и неодолив сјај, како дел од модното шоу “ Осмели се да блеснеш ”.


На 26 март во салонот на “ Форд  Мида Гранд Моторс ”, со почеток од 20 часот, ќе се одржи ревијата „Осмели се да блеснеш“ (Dare to be the sparkle) на дизајнерката Ива Спасовска.
Во оваа нова модна приказна ќе дојдат до израз неодоливоста и цврстината на кеперот, кој е создаден да го држи телото исправено, гордо и самоуверено, мекиот допир на свилата – израз на вонвременската потреба на жената за нежност,  како и кристалите, бисерите, везовите со сјајни конци, кои се одраз на  жените кои се осмелиле да блеснат и да останат такви.

„Сакам кога ќе се случи момент на иницијација и жената ќе ја почитува искрата во себе, а искрата како симболика претставува раѓање на светлина, блесок или сјај. Кога ќе се случи во некои внатрешни дамари, тоа неизбежно се манифестира и надвор од неа, зошто тој сјај и блесок остава своја видлива трага каде и да се движи. Обично, околината за тие жени вели дека се жени свесни за себе, жени со сјај во очите и бескрајна женственост во својата убавина кога носите на себе макар мал кристал, бисер или некакво парченце што блеска – вие едноставно сакате да го изразите оној блесок што го поседувате и чувствувате ” – вели дизајнерката.

Модното шоу “ Осмели се да блеснеш ” ќе биде збогатено со галериска изложба на Марија Спасовска насловена како “Вдиши Насмевка“ (Inhale a smile) во која ќе бидат изложени 100 платна на сликарката.

Објавено во мода и убавина | 22.03.2016 - 10:38
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Некои луѓе никогаш не полудуваат. Колку ли им се ужасни животите. „

Чарлс Буковски